На што трошат пари славните?

На што трошат пари славните?

Славните личности заработуваат огромни пари. Тие имаат дневница, а понекогаш и саатнина поголема од парите кој еден просечен Македонец ги заработува годишно. Токму поради овој факт тие си дозволуваат сè што ќе им се посака. Ова се неколку трошачки бисери на неколку славни личности.На што трошат пари славните

Ештон Кучер

Глумецот плати 200.000 американски долари за да појде во вселената. Тој тоа ќе го направи преку компанијата „Virgin Galactic“. Не е точно познато кога ќе го стори тоа, но се знае дека тој е 500-ти на листата. Летовите ќе започнат во 2013 година.

Бијонсе

Ќерката на Бијонсе, Блу Ајви Картер, иако е стара само неколку месеци, сопственик е на када обложена со розови кристали од „Сваровски“. Кадата е дело на дизјанерката Лори Гарднер, која не може да потврди колку часови има изгубено лепејќи ги 44.928-те розови кристали. Цената на оваа када е 7.000 американски долари.

Тамара Еклстон

Тамара, ќерката на шефот на Ф1, Берни Еклстон, исто така се бања во када обложена со кристали. Нејзината када е обложена со горски кристали, а за неа таа издвоила 800.000 американски долари.

Доналд Трамп

Бидејќи бил незадоволен од фактот дека поседува само еден авион, тој решил да го откупи авионот на еден од основачите на „Мајкрософт“, Пол Ален. Тој го купил неговиот Боинг 757, целосно го реновирал, па така авионот сега има златно купатило, златни сигурносни појаси и мотор од Ролс Ројс. Сè вкупно – 100 милиони долари.

Џорџ Лукас

Најпрво тој купи ранч вреден 100 милиони долари, а потоа и цела противпожарна бригада која ќе се грижи за тој огромен имот. Сега тој има вработено 12 пожарникари, има 2 возила за гасење пожар, а таму работат и неколку волонтери.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Mihaela Reply

    некаде прочитав дека за да патуваш во вселената ти требаат 100милиони долари, а еве и тука на страницава http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/kako-da-otpatuvate-do-vselenata/ пишува дека пат до вселената чини 20-30милиони долари… а како тоа ештон платил 200.000 долари?? грешка е некоја или пак цената драстично опаѓа?

  2. Dasdas Reply

    Kako so citav jas toa ke bide panoramski let , ke trae okolu pola saat , i ke bide samo okolu 10tina kilometri nad atmosferata. 🙂

Напиши одговор на Mihaela Откажи одговор