На продажба најстарото „Бентли“ во светот

Доколку сте вистински вљубеник во автомобилски олдтајмери или пак можеби сте колекционер на класични убавици, тогаш ова ќе биде навистина радосна вест за вас. Најстарото „Бентли“ во светот е на продажба. Автомобилот е ставен на аукција, која ќе се одржи во август 2011 година во Калифорнија, од страна на аукциската куќа „Gooding & Company“.
На продажба најстарото БентлиБентлито од 1921 година, „Chassis No. 3“ се верува дека е првиот автомобил кој бил доставен до неговиот купувач. Овој автомобил учествувал на многу собири и е совршено употреблив и до ден денеска. Оригинално шасијата била направена од алуминиум без кров.
На продажба најстарото БентлиПол Хагеман, специјалист за автомобили во аукциската куќа, објаснува дека првата верзија од автомобилот, била експериментална и дека повеќе не постои. Сепак, втората верзија била зачувана од фабриката. Овој автомобил го поседувале многу сопственици низ целата територија на Велика Британија, но сепак ниту еден од нив вистински не ја сфатил неговата вредност. Оваа класична убавица едно време била во сопственост на велшанецот Ајвор Луелин, татко на актерот Дезмонд Луелин, кој се прочу со улогата на Ку во филмовите од серијалот Џејмс Бонд. Се очекува 3 литарското „Бентли“ да достигне цена од 250.000 американски долари на аукцијата во месец август.На продажба најстарото Бентли———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар