На пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

На пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

Многу е тешко да се најде личност што не посакала да се откаже од својот обичен живот и да патува ширум светот. Но, нашата планета е толку голема што не можеме да не се запрашаме дали е воопшто можно да се посетат сите држави што постојат. Но, има една млада дама што го обожава животот, Кејси, од Конектикат, Америка, што полека ни докажува дека тоа е сосема возможно. Токму затоа и сме горди што можеме да ја споделиме со вас нејзината инспиративна приказна.

(1) На пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

Кејси го започнала своето патување во јули 2015 година, кога имала 25 години. Таа сега има 27 години и за само 15 месеци успеала да посети 180 држави, патувајќи 254 пати во авион. Но, тоа не е сè. Кејси има цел да стане првата жена во историјата што ги посетила сите 196 држави во светот. Таа сака да ја заврши оваа мисија во следните 45 дена.

(2) На пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

Кејси вели дека отсекогаш сакала да го види светот и дека почнала овој „луд план“ да го составува уште додека била во училиште. Таа сакала да открие колку што е можно повеќе за традициите, историјата, културата и религијата на луѓето што живееле таму. Кејси едноставно не можела да остане само на местото каде што била родена.

(3) На пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

Секако, за овој подвиг се потребни многу пари. Во глобала, патот на Кејси досега ја чинел околу 198.000 долари – сума што доаѓа од голем број спонзори. Со нивната помош, оваа храбра млада девојка направила документарен филм за нејзиното уникатно патување. За возврат, таа ги рекламирала нивниот бизнис.

(4) На пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

Ако ја прашате Кејси, привлекувањето инвеститори не е лесна задача бидејќи таа морала да бара финансиска поддршка додека патува. Сепак, успеала да стане глобален амбасадор и сега е одговорна за средби со студенти и професори од факултетите за туризам ширум светот. Уште една програма на којашто работи вклучува собирање водени примероци со цел да им помогне на научниците во нивните истражувања.

(5) На пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

За Кејси многу е важно да излезе од својата удобна зона и да се нурне во неистражените и фасцинантните делови од светот. Таа исто така сака да покаже и дека една жена може сама да патува по светот. Не е помалку важна ни нејзината амбиција да постави нов рекорд и да им докаже на сите дека дури и најамбициозните цели можат да бидат постигнати.

(6) nНа пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

Во просек, Кејси поминува по неколку денови во секоја држава. Којзнае, можеби во моментов таа е во Куба!

(7) На пат околу светот: Оваа девојка може да стане првата жена што ги посетила сите држави на планетата

Со среќа Кејси! Се надеваме дека набрзо ќе ја оствариш својата цел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар