На кое од овие столчиња би седнале? Вашиот одговор открива колку среќа имате во љубовта

На кое од овие столчиња би седнале? Вашиот одговор открива колку среќа имате во љубовта

Со проценувањето и проучувањето на сопствената природа можете да откриете клучни квалитети и факти за вашата личност кои допринесуваат за успешен љубовен живот. Тогаш кога ќе станете вистински свесни за себе, ќе бидете навистина подготвени да се отворите за љубов. Кога знаете што да очекувате од себе, ќе знаете и што да очекувате од партнерот.

1-stolcheto-na-koja-najprvo-bi-sednale-otkriva-kolku-srekja-imate-vo-ljubovta-www.kafepauza.mk_

Замислете ја следната ситуација. Влегувате во кафуле и гледате три празни столчиња на шанкот. Кое столче ќе го изберете за да седнете? Тоа столче не е обично столче. Тоа одредува каков партнер и љубовник сте.

Столчето од лево – реални, но забавни во љубовта

2-stolcheto-na-koja-najprvo-bi-sednale-otkriva-kolku-srekja-imate-vo-ljubovta-www.kafepauza.mk_

Вие сте отворена, дружељубива и реална личност. Имате голема самодоверба и не дозволувате негативните мисли да ви го окупираат вашиот ум. Исто така, слепо му верувате на партнерот и му ја давате слободата која му е потребна и која ја заслужува. Меѓутоа, за возврат очекувате многу. Сакате тој или таа да вложи онолку труд колку што вложувате и вие.

Вие знаете дека ниту едно чувство не може да трае вечно. Еден ден сте среќни, друг тажни, па следниот повторно среќни. Вие сте реална личност и знаете дека љубовта не е бајка. Го прифаќате фактот дека љубовта не може да биде секогаш мед и млеко, подготвени сте да ги прифатите и сите мали недостатоци кои доаѓаат со неа.

Ако се земе предвид трудот кој го вложувате во врската, понекогаш ве фрустрира кога партнерот не може да ви погоди нешто или едноставно да ви ги прочита мислите. Меѓутоа, отворени сте за комуникација и го прифаќате фактот дека сите сакаат на различен начин и дека сите се различни. Сакате да им кажувате на пријателите за партнерот и да се фалите со него.

Столчето во средина – лојални и посветени, но не и опсесивни

3-stolcheto-na-koja-najprvo-bi-sednale-otkriva-kolku-srekja-imate-vo-ljubovta-www.kafepauza.mk_

Вие сте личност која умее многу добро да се контролира. Еднаш кога ќе се заљубите, вашиот ум, тело и срце се посветени само на таа личност. Се предавате себеси целосно, дури и кога тоа ве остава ранливи. Тоа покажува дека имате беспрекорна доверба во партнерот. Целосно се менувате и станувате чувствителни на луѓето околу себе.

Секогаш ќе бидете со партнерот во тешки времиња и ќе го поддржувате. Караниците, цимолењето и бегањето од проблемите не се ваш стил. Со задоволство разговарате додека не донесете заклучок што и двајцата ќе ве направи среќни.

Како се менувате со љубовта, станувате нежни и чувствителни. Сето она што партнерот ќе го направи без ваше знаење, донесување на големи одлуки или првање на избор, вас ве повредува. Уште една ваша предност е дека не ги заборавате работите. Не само оние кои се добри за вашата врска, туку и за вас самите.

Столчето од десно – во почетокот исплашени, но подоцна самоуверени

4-stolcheto-na-koja-najprvo-bi-sednale-otkriva-kolku-srekja-imate-vo-ljubovta-www.kafepauza.mk_

Вие сте личност која во почетокот е мистериозна. Тоа е затоа што се плашите да му се отворите на партнерот, можеби заради лошото претходно лично искуство или набљудувајќи ги луѓето околу вас. Сепак, кога кончено ќе се отворите, вие сте оние кои вложуваат најмногу труд во врската. Барате само едноставни работи, како што се искреноста и транспарентноста. Не толерирате лаги.

Вие сте страстен љубовник, иако во почетокот сте исплашени да ги вложите сите чувства, бидејќи сте полни со страв дека ќе бидете повредени. Да бидете претпазливи не е лоша работа, но бидете доволно внимателни да не ја оттргнете другата личност од себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар