Музејот Калашников во Ижевск, Русија

Музејот „Калашников“ во Ижевск, Русија

За најкористената автоматска пушка во светот, калашниковот, во градот Ижевск, Русија има музеј, познат како музејот „Калашников“ или „АК-47“. Музејот бил отворен на 4 ноември 2004 година. Во него хронолошки е прикажана биографијата на креаторот на пушката, генералот Михаил Калашников, како и самиот процес на нејзиното измислување. Музејот месечно привлекува повеќе од 10.000 посетители.
Музејот Калашников во Ижевск, РусијаМузејот служи како еден вид руски споменик на оваа светски позната пешадиска пушка. Тој ја презентира историјата на пушката, но и гордоста на руските граѓани пробудувајќи го чувството на национална доверба.

Во него можат да се видат голем број пушки и да се проследат многу презентации кои се вртат на плазма екраните, за употребата на калашниковот во последните неколку декади, како и за посветеноста на работниците во процесот на неговата изработката. Голем број од материјалите го прикажуваат животот на човекот кој во 1947 година во тајност го креираше и дизајнираше ова оружје, а сега живее на само неколку улици од музејот.
Музејот Калашников во Ижевск, РусијаМузејот Калашников во Ижевск, Русија.

Целта на овој музеј е да и даде чест на генијалноста на креаторот и на макотрпната работа на работниците, да се раздвои значењето на пушката како оружје за убивање од луѓето кои ја изработуваат и да ја раскаже својата историја во нашата земја.
– изјавува директорката на музејот, Надежда Вечтомова

Музејот Калашников во Ижевск, РусијаМузејот Калашников во Ижевск, РусијаМузејот Калашников во Ижевск, Русија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар