Музата на Ботичели – Симонета Веспучи

Автор: Ема Јакимовска

Ренесансната италијанска уметност се смета за еден од најубавите периоди во историјата на уметноста. Еден од најпознатите уметници од тој период е Сандро Ботичели, сликар од Фиренца, кој ги насликал двете најзначајни дела за ренесансното сликарство – „Раѓањето на Венера“ и „Пролет“. Двете слики, како да укажуваат на постоењето на муза, за која историчарите на уметноста веруваат дека е Симонета Веспучи, најубавата жена во Фиренца, а оттука и во целата ренесанса.Музата на Ботичели – Симонета ВеспучиСимонета Веспучи е родена во Порто Венере, во околијата Џеона, во 1453-та година. Таа била ќерка на благородниците Гаспаре Катанео дела Волта и Катокја Спинола де Кандија. На 16 години, Симонета, стапила во брак со Марко Веспучи, студент во Фиренца и далечен роднина на Америго Веспучи. Марко бил лудо заљубен во Симонета и неговиот предлог за брак бил прифатен поради добрите врски со семејството Медичи од Фиренца. Симонета и Марко се зеле во 1469-та во Фиренца, во палатата на Медичи. Медичи веднаш ја засакале Симонета. Нејзината убавина и женственост ја освоиле цела Фиренца и станала опсесија на многу мажи. Џулијано де Медичи, веројатно бил нејзиниот најблагороден додворувач и не се срамел тоа јавно да го искаже.

Наведено во историјата е дека на еден витешки натпревар во 1475-та година, одржан на главниот плоштад во Фиренца, имало банери со ликот на Симонета, претставена како Палас Атена, а насликана од самиот Ботичели. Под сликата стоел насловот „La Sans Pareille“, односно „Неспоредливата“.Музата на Ботичели – Симонета ВеспучиОд тој момент па наваму, Симонета станала позната како најубавата жена во Фиренца, а подоцна и во самиот ренесансен период.

Џулијано победил на витешкиот натпревар, а со тоа ја добил љубовта на Симонета, која на настанот била номинирана за „Кралица на убавината“. Дали станале љубовници е сè уште непознато. Симонета починала во април, во 1476-та година, од туберкулоза, на само 22-годишна возраст.

Како и да е, нејзината убавина сè уште живее на сликите на Ботичели, барем многумина веруваат дека ликот е всушност нејзин. Фигурата која постојано се појавува во неговите дела, со класична убавина и долга, руса, лелеава коса вистина одговара на описите на Симонета. Иако некои од историчарите на уметноста се сомневаат за постоењето на љубовна врска меѓу Ботичели и Симонета, сепак не може а да не се шпекулира за такво нешто меѓу најубавата жена во ренесансата и најпознатиот сликар во истиот период. Едноставно звучи предобро за да биде случајност.Музата на Ботичели – Симонета ВеспучиСличностите меѓу Симонета и фигурата во сликите на Ботичели се неоспорливи, иако многумина веруваат дека тие карактеристики ја претставуваат женската ренесансна убавина воопшто, а не дека укажуваат на поврзаност со одреден лик. Како и да е, едно е вистина, а тоа е дека Ботичели дефинитивно бил назначен да изработи портрет на Симонета по повод витешкиот натпревар, и можеби тоа било местото каде романсата меѓу нив всушност започнала.

Има еден факт кој укажува на тоа дека врската меѓу Симонета и Ботичели била повеќе од односот меѓу муза и уметник. Кога Ботичели починал, во 1510-та година, побарал да биде закопан крај Симонета, во црквата во Оњисанти, во Фиренца. Неговата желба била исполнета.

Иако светот е сведок на подемот и падот на многу музи од 15-от век па натаму, тешко е да се замисли дека постоела посилна, повитешка врска од онаа на најубавата жена во ренесансата и најуспешниот сликар од периодот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар