Мункејк – колачите по кои полуде светот

Месечевиот колач (mooncake) е традиционална кинеска пекарска слатка, но денес постана популарна ширум светот, а нејзиниот изглед и состав целосно се прилагодени на современиот стил на живеење и вкусот на поединците.

1-munkejk-kolachite-po-koi-polude-svetot-kafepauza.mk

Кинезите имаат обичај да го јадат месечевиот колач додека го прославуваат Празникот на полната месечина, кој според кинескиот лунарен календар, оваа година е на 15 август (22 септември).

Овој колач го симболизира обединувањето на роднините, бидејќи изговорот на зборот округло звучи исто како зборот обединување. Воедно, месечевиот колач е важен подарок за пријателите. На почетокот овие колачи се правеле дома. Во минатиот век била основани работилници за месечеви колачи така што денес има многу различни врсти и се прават со бројни преубави цртежи на нив.

Традиционалниот месечев колач е кружен, има пречник од 10 см и дебелина од 3-4 см. Обично се јаде со чај.

Повеќето се состојат од тенки пецива исполнети со сладок густ фил, а во средината може да имаат една или повеќе жолчки, како симбол на полната месечина. Ретко се служи на пареа или пржен.

Традиционалните кинески колачи имаат печат на површината со кинески знаци кои означуваат хармонија или долговечност или пак слика од животно. Пекарите обично на колачите го ставаат своето лого. Како додатна декорација можат да се најдат печати на мечка, цвеќе, винова лоза или зајак (симбол за Месечината).

Тестото традиционално се состои од свинска маст, црвен грав и жолчка, што заедно има околу 1.000 калории. Новите варијанти од оваа вкусна слатка се прилагодени на здравиот животен стил. Содржат помалку или воопшто масти, помалку шеќер, по облик се помали, а најчесто се прават од јогурт, сладолед или желе.

Иако доминираат овошните вкусови, постојат разни видови филови со кои се полнат. Па така може да се направат од кои било состојки кои можат да се претворат во паста.

Состојките можат да бидат кафе, чоколадо, ореви или кои било јаткасти плодови, овошје (сливи, ананас, диња, банана…), зеленчук (сладок компир), а може дури да се додаде и шунка.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар