Мултиталентираниот Азиз Ансари

Азиз Ансари е американски актер, писател, продуцент и неверојатно забавен стенд-ап комичар. Роден е на 23 февруари, 1983 година во Колумбија, Јужна Каролина. Меѓу неговите најпознати појавувања на филмското платно се оние во „Смешни луѓе“ (Funny People), „Те сакам, човеку“ (I Love You, Man), „За помалку од 30 минути“ (30 Minutes or Less)…

Својата кариера пак, како стенд-ап комичар ја започнал во 2001-та година, во Њујорк, каде и го продолжил своето образование. На ова поле денеска може да се каже дека е најдобар и најдокажан.Мултиталентираниот Азиз АнсариМеѓу неговите најнови точки се „Губење време на интернет“ и „СМС комуникација со девојките“, како дел од последно лансираниот стенд-ап материјал „Опасно вкусни“, достапен по цена од 5 американски долари на неговиот официјален веб-сајт.

Неговото најпопуларно Јутјуб видео пак, е кога зборува за неговиот млад роднина Харис.

Ансари не ги штеди ниту пријателите од јавниот живот. Покрај со актуелните случувања, настапите често ги зачинува и со шеги на нивна сметка. Како јавно деклариран фан на рап музиката, инспирацијата за неговите стенд-ап точки најмногу ја црпи од неговите пријатели-рапери.

Во последните неколку години тој стана особено интересен за медиумите. Чест гостин е и во познатите полноќни шоуа. Како највпечатливо и најзабавно го издвојуваме неговото појавување кај Џими Кимел, каде отворено зборува дека се плаши од бебињата.

Ансари важи и за еден од 10-те најзабавни твитерџии. Прочитајте мал дел од неговите твитови, меѓу кои е и преписката со претседателот Обама.


„Имам повеќе твитер следебеници од тебе, човеку“ – порака на Обама до Ансари

„Обама ме предизвикува, тврдејќи дека имам недостаток на твитер следбеници. Нереално“ – реакцијата на Ансари за претседателскиот коментар.

„Не сум белец, но блиску сум до Мексиканец.“

„Мала помош за вашата ‘полноќна акција’: Извинете, но дали некој некогаш ви кажал дека личите на афроамериканска верзија од Џенифер Анистон?“

„Му оставив говорна порака со доооолга пцовка на оној што ми го украде ајфонот, за да подоцна сфатам дека всушност јас сум единствениот што ќе ја слуша таа порака.“

„Ве прогласувам за маж и ноже (I now pronounce you man and KNIFE…).“

„Не ги сакам атрактивните жени. Тие никогаш не ја држат вратата од лифтот отворена за мене и мислат дека секогаш можат да влезат преку ред во заедничките купатила.“

„Њујоршки гангстер во Норвешка? Како е тоа можно?“

Во продолжение, погледнете уште неколку од настапите на фантастичниот Ансари:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар