Мудростите на Чарли Чаплин

Мудростите на Чарли Чаплин

Чарли Чаплин (Сер Чарлс Спенсер) е меѓу највлијателните луѓе во ерата на немиот филм. Контроверзен и мистичен, тој е легенда на визуелната комедија, мимиката и на фарсата. Бил актер, комичар, режисер, композитор и продуцент. Неговата најпозната улога е „Скитникот“ (The Trump), која на почетокот ја играл во „Kid Auto Races At Venice“.

За Чаплин може многу да се зборува, но ние одлучивме акцентот да го ставиме на неговите мудрости и малку да ве потсетиме на неговиот „страшен“ хумор. Како за човек од добата на немиот филм, тој има кажано прилично многу. 🙂

Прочитајте дел од цитатите на неповторливиот комичар и погледнете неколку од неговите најпопуларни видеа…

Мудростите на Чарли Чаплин

„Погледнете во небото. Никогаш нема да го видите виножитото ако гледате надолу.“

„Сакам да шетам по дожд. Тогаш никој не може да ме види како плачам.“

„Вистинскиот карактер на мажот излегува на виделина кога тој е под дејство на алкохол.“

„Неуспехот е неважен. Потребна е храброст за да направите будала од себе.“

„Нема да се приклучам во ниту еден клуб, кој ќе ме прифати за негов член.“


„Сè што ми треба за да направам една комедија се парк, полицаец и убава девојка.“

„Ден без смеење е залудно потрошен ден.“

„Ништо не е трајно во овој подмолен свет, па ни проблемите.“

Претпоставувам дека една од ирониите во животот е правењето погрешна работа во прав момент.“

„За да се смеете од срце, треба да сте способни да ја поднесете сопствената болка и да си играте со неа.“


„Огледалото е мојот најдобар пријател, затоа што кога плачам тоа никогаш не ми се смее.“

„Животот може да биде прекрасен ако не се плашите од него. Сè што ви треба се храброст, имагинација и малку пари.“

„Проблемот со светот е тоа што самите себе се презираме.“

„Најтажната работа што можам да ја замислам е да се навикнам на луксуз.“

„Очајот е како наркотик. Го води умот во рамнодушност.“


„Зборовите се евтини. Најголемата работа којашто можете да ја кажете е слон.“

„Човекот е голем, колку што му се големи мечтите.“

„Мојата болка може да биде причина за нечија насмевка. Но, мојата насмевка никогаш не смее да биде причина за нечија болка.“

„Сепак, тешко ми е за немото кино. Убаво беше да се види како жената ја отвора устата, а глас не ù се слуша.“ 🙂

„Аматери. Тоа сме сите ние. Не живееме доволно долго за да станеме нешто друго.“

Првиот тонски филм на Чарли Чаплин е „Големиот диктатор“ (The Great Dictator). Слушнете го неговиот говор во филмот, еден од најдобрите во историјата.


„Јас сум во мир со Бога. Мојот конфликт е со човекот.“

„Мене ми аплаудираат, бидејќи сите ме разбираат. Вам ви аплаудираат, бидејќи никој не ве разбира.“ (адресирано до Алберт Ајнштајн)

„Премногу мислиме, а премалку чувствуваме.“ (Големиот диктатор)

„Мразам театар. Ја мразам и глетката на крв, но таа тече во моите вени.“

“На крајот, сè е шега.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. :) Reply

    Браво за говорот!
    истото и јас го викам, ние како човештво напредуваме технолошки, но не и како цивилизација, бидејќи се’ помалку и помалку сме хумани

Напиши одговор на :) Откажи одговор