Мудрите луѓе и патриотизмот

Поставувањето на дефиниција за патриотизам за филозофите претставува проблем поради тоа што тој може да манифестира многу различни карактеристики кои се движат од едноставна љубов кон сопствената земја, па сè до омраза кон сè што „не е наше“. Политичарите знаат тоа многу добро да го искористат и да постигнат цели кои не се баш „патриотски“, но за среќа, честопати филозофите, писателите, психолозите и други мислители се осмелуваат да коментираат за тоа што претставува патриотизмот и да дадат малку поинакво гледиште на работите.

Мудрите луѓе и патриотизмот

„Патриотизам е личното убедување дека твојата земја е подобра во однос на другите затоа што си се родил во неа.“ – Џорџ Бернард Шо

„Патриот: човек кој може да вика најгласно без да знае зошто вика.“ – Марк Твен

„Национализмот е нашата форма на инцест, тоа е нашата идолатрија, нашето лудило. ‘Патриотизмот’ е неговиот култ. Не е потребно да спомнам дека под ‘патриотизам’ го подразбирам оној став кој ја става сопствената нација над човештвото и над принципите на вистината и правдата; не верниот интерес за сопствената нација, кој е во врска со нејзината духовна, како и материјална благосостојба – не со моќта врз други нации. Како што љубовта кон само еден човек која ја исклучува љубовта кон другите луѓе не е љубов, така и љубовта кон една земја која не е дел од љубовта кон целото човештво не е љубов, туку идолатриско обожување“. – Ерих Фром

„Жалосно е што за да биде човек добар патриот, тој треба да стане непријател на остатокот од човештвото.“ – Волтер

„Патриотизам е подготвеноста да се убие и да се биде убиен поради банални причини.“ – Бертранд Расел

„Патриотизмот е последното скривалиште на подлиот.“ – Семјуел Џонсон

„Јас немам земја за да се борам за неа, мојата земја е планетата, а јас сум граѓанин на светот.“ – Јуџин В. Дебс

„За мене е одвратно и недостоинствено да имам душа контролирана од географија.“ – Џорџ Сантијана

„Љубовта кон својата земја е прекрасна работа. Но зошто љубовта треба да застане на граница?“ – Пабло Касалс

„Национализмот е еден смешен петел кој кукурика на сопственото буниште.“ – Ричард Алдингтон

„Хероизам по наредба, бесчувствително насилство и сите оние гадни бесмислици кои се продаваат како патриотизам – многу ги мразам!“ – Алберт Ајнштајн

„Тоталитаризмот е институционализиран патриотизам.“ – Стив Ален

„Не постои патриотска обврска да му помогнеш на политичар да напредува во кариерата кој инаку се залага за интереси кои се неетички според твоите вредности.“ – Џон Болтон

„Патриотизмот е чувство што наводно сите треба да го имаат. Но зошто? Зошто е поблагородно да ја сакаш својата земја отколку нечија друга?“ – Валас Шон

„Патриотизмот во Америка, како што јас го разбирам, е прашање на страдање кога државата не успева да ги исполни своите ветувања или свесно ги напушта.“ – Грејл Маркус

„Кога кучето лае накај месечината, тоа е религија, а кога лае по странците, тоа е патриотизам.“ – Дејвид Стар Џонсон

„Патриотизмот е силно националистичко чувство во земја чии граници, легитимитет и етнички состав се земаат здраво за готово.“ – Мајкл Игнатиеф

„Патриотизмот е краткотрајна реакција која избледува штом почне војната.“ – Мик Џегер

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар