Мудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркер

Една од најпознатите американски поетеси, писатели, критичари и сатиристи, Дороти Паркер, останува запаметена како жена која нема влакна на јазикот. Неверојатно умешна во давањето иронични критики, нејзините зборови се реални и напати груби, но секогаш мудри и поучни.

Мудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркер

 

„Убавината е плитка, но грдотијата е длабока до коска.“

„Ако сакате да знаете што мисли Бог за парите, само погледнете ги луѓето на кои им ги дал.“

„Наутро прво си ги мијам забите и си го острам јазикот.“

„Хетеросексуалноста не е нормална, но е вообичаена.“

„Кај маж гледам три нешта: тој мора да биде згоден, безмилосен и глупав.“

„Постојаната употреба не ја излити ткаенината на нивното пријателство.“

„Никогаш ништо нема да постигнам. Тоа ми е совршено јасно. Никогаш нема да бидам позната. Моето име никогаш нема со големи букви да биде запишано на списокот на оние кои ги остваруваат работите. Јас не правам ништо. Ниту едно единствено нешто. Едно време си ги гризев ноктите, сега веќе ни тоа не го правам.“

„Постои огромна разлика меѓу паметното зборување и мудроста. Мудроста има вистина во себе, а паметното зборување се само добро осмислени зборови.“

Мудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркер

 

„Не ми е грижа што пишуваат за мене, сè додека тоа не е вистина.“

„Има четири нешта без кои би била подобра: љубов, љубопитност, пеги и сомнеж.“

„Би сакала да имам пари. Исто, би сакала да бидам добра писателка. Овие две нешта може да одат заедно, и се надевам дека ќе биде така, но ако тоа едноставно е премногу, тогаш повеќе би сакала да имам пари.“

„Жените и слоновите никогаш не забораваат.“

„Јас не сум писателка која има проблеми со пиењето, јас сум алкохоличарка со проблеми со пишувањето.“

„Секако дека си зборувам самата со себе. Сакам добри говорници и ценам интелигентна публика.“

„Сосема сум во ред. Не сум ни исплашена. Знаете, научив дека постои само едно нешто пострашно од осаменоста, а тоа е стравот од неа.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар