Можете уште веднаш да се збогатите ако имате некоја од овие 7 работи

Кој не сонувал брзо да се збогати? Епа изгледа дека некогаш сè што е потребно е едно убаво чистење на домот. Благодарение на онлајн аукциите и социјалните мрежи, можете да продавате секојдневни предмети по многу висока цена. Погледнете некои од најскапите примери за ова.

1. Винтиџ храна и пијалаци

(1)mozhete-ushte-vednash-da-se-zbogatite-ako-imate-nekoja-od-ovie-7-raboti-kafepauza.mk

Гурманите и колекционерите многу често плаќаат високи сум за производи со ограничена количина или пак, за производи кои веќе не се произведуваат. На фотографијата можете да видите енергетски пијалаци од ограничената колекција на Мајкл Џордан, кои се продаваат за 15.000 евра.

2. Први и ретки изданија на книги

(2)mozhete-ushte-vednash-da-se-zbogatite-ako-imate-nekoja-od-ovie-7-raboti-kafepauza.mk

Првото издание на легендарната „Хари Потер и Каменот на мудроста“ било испечатено во 500 копии, па дури и со грешка во името на авторката. Денес, ова ретко издание достигнува цена до 50.000 евра.

3. Уникатни мобилни телефони

(3)mozhete-ushte-vednash-da-se-zbogatite-ako-imate-nekoja-od-ovie-7-raboti-kafepauza.mk

Ако некогаш сте биле фан на новитетите во технологијата, дома сигурно имате неколку неупотребливи телефони. Првата генерација на ајфон, или пак старите телефони од 1980-тите и 1990-тите, можете да ги продадете за илјадници евра. Во овој случај се цени изгледот и ефикасноста на телефонот. На пример, два неотпакувани ајфон 2G телефони се продаваат за 11.500 евра.

4. Стари конзоли за игри

(4)mozhete-ushte-vednash-da-se-zbogatite-ako-imate-nekoja-od-ovie-7-raboti-kafepauza.mk

Првите „играчки“ од дигиталната ера може да се продадат по навистина добра цена. Секако, важно е да се во функција, а уште подобро е ако не се користени. Најпопуларните се Чипичан (до 1.700 евра), преносливиот Гејмбој (до 5.800 евра) и се разбира, Нинтендо НЕС.

5. Ретки играчки

(5)mozhete-ushte-vednash-da-se-zbogatite-ako-imate-nekoja-od-ovie-7-raboti-kafepauza.mk

Дали некогаш сте биле фан на Лего коцките? Тогаш вреди да проверите дали имате нешто уникатно. Еден Дарт Вејдер од Лего бил продаден за речиси 9.000 евра. Играчките од Киндер јајцата денес немаат некоја вредност, но кој знае?

6. Традиционални предмети за собирање

(6)mozhete-ushte-vednash-da-se-zbogatite-ako-imate-nekoja-od-ovie-7-raboti-kafepauza.mk

Зборот собирање најчесто е поврзуван со парички, поштени марки или карти. Во овој случај цената на одреден предмет се одредува според бројот на направени и зачувани копии. На пример, една од највредните карти за собирање е Пикачу Илустратор. Постојат само 6 во целиот свет, а нивната цена достигнува 133.000 евра.

7. Многу ретки винилски плочи

(7)mozhete-ushte-vednash-da-se-zbogatite-ako-imate-nekoja-od-ovie-7-raboti-kafepauza.mk

Понекогаш пакувањето е многу поважно од она што е внатре. На пример, една копија од албумот „Yesterday and Today“ од Битлси се смета за многу ретка. На сликата тие се облечени со бели мантили и држат обезглавени кукли од бебиња и парчиња месо. Оваа копија била продадена за 111.000 евра.

Погледнете ги и најстарите зачувани примероци од некои секојдневни предмети.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар