Можете ли да не се заљубите во ова кученце?

Погледнете во некоја од овие фотографии и обидете се да не се вљубите на прв поглед во ова слатко кученце. Со неговото интересно име Рамен Нудл, во комбинација со неговиот весел дух, никој нема да ве обвини доколку го засакате веднаш. Прочуената фотографка на животни Карли Дејвидсон е автор на овие фотографии, која ја споделува тажната, слатка и инспиративна приказна на ова кученце:Можете ли да не се заљубите во ова кученце?

Овие фотографии од Рамен Нудл се дел од тековен проект наменет за животни со поинакви способности, кој го започнав во 2010 година. Тогаш почнав сè почесто да размислувам за животот на овие животни и на нивните сопственици. Тие се луѓе кои решиле да ги одржат нивните миленичиња во живот, да им менуваат пелени, да им купуваат апаратури, да вложат дополнително време, пари и напор да им помогнат на нивните пријателчиња да се чувствуваат поудобно.“

Можете ли да не се заљубите во ова кученце?

Јас сакав да покажам колку интересни можат да бидат овие животни и да споделам дел од нивните прекрасни  приказни за преживувањето и закрепнувањето. Некои од овие животни се спасени од злоупотреба и запоставеност, некои доживеале некаква несреќа, а некои се фамилијарни миленичиња кои остареле. Сите мои фотографски приказни имаат завршено симболизирајќи една многу позитивна симбиотична врска помеѓу животното и неговиот сопственик.

Можете ли да не се заљубите во ова кученце?Рамен Нудл е роден со 4 нозе, како мелез од мажјак и женка од различна раса. Неговите кревки ножиња не можеле да ја издржат ниту тежината на неговото малечко тело. Кога имал 8 месеци, неговата прва сопственичка го одвела на ветеринар со скршена предна нога. За жал таа не се грижела доволно за неговата повреда и 9 седмици не го однела на ветеринар за да му го проверат гипсот. После толку време, на ничие изненадување, ногата на кутрето била речиси „изедена“ од гангрена. Во тоа време Рамен бил истоштен и одбивал да јаде храна. Било право чудо што воопшто преживеал.Можете ли да не се заљубите во ова кученце?После неколкумесечна интензивна нега на неговата сопственичка ѝ била понудено да го предаде кутрето на клиниката, бидејќи во спротивно ќе ја пријавеле во службите за заштита на животните.

Јас навистина не сметам дека неговата сопственичка сакала да го повреди. Мислам само дека таа едноставно не сфаќала колкава нега е потребно да му даде на едно повредено животно.“ – вели Џејми Салата Ван Тасел, која била задолжена за нега на кутрето во клиниката

Таа го посвоила и оттогаш се грижи за него како главна медицинска сестра, во нејзиниот дом.Можете ли да не се заљубите во ова кученце?Со втората повреда, Рамен ја изгубил неговата втора предна нога, која ја здобил откако скокнал од столче и ја скршил коската. Уште една негативна последица на кученцата родени со вкрстување на две раси кучиња, се кревките коски, па второто предно ноже го скршило толку лошо, што тоа не можело да закрепне. Џејми била многу вознемирена од здравствените проблеми на Рамен, но тој ги изненадил сите со своето закрепнување. Три недели подоцна, Рамен почнал да учи како да оди на само две нозе.Можете ли да не се заљубите во ова кученце?

Рамен се движи низ куќата на своите две задни нозе. Трча со голема брзина бркајќи ги своите играчки или играјќи си со други кучиња. И покрај тоа што му недостигаат неговите две предни нозе, тој воопшто не е ограничен во сè што прави. Како и секое друго младо и среќно куче, тој сака внимание и храна.“ – објаснува Џејми.

Можете ли да не се заљубите во ова кученце?Рамен и Џејми ни покажуваат дека кученце дури и со две ампутации, може да биде среќно како и секое друго здраво животинче. Џејми ни дава една реална перспектива, на сопственичка на куче со инвалидитет.Можете ли да не се заљубите во ова кученце?

„Кога еднаш животните со инвалидитет ќе заздрават и ќе започнат повторно да трчаат, никогаш повторно не помислуваат на она што им се случило. Ваква беше ситуацијата на Рамен и на секое друго животно кое преживеало такви здравствени проблеми. Кога еднаш животното ќе ја надмине болката, ќе престане да пие лекарства и ќе сфати дека треба да живее на малку поинаков начин од претходно, тоа се однесува како никогаш несреќата да не му се случила.“ – објаснува фотографката Карли Дејвидсон.

Можете ли да не се заљубите во ова кученце?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар