Можеби звучи лудо, но некогаш, овие лекарски третмани биле прифатени од сите

Автор: Маја Линкова

Модерната медицина можеби е најблиското нешто до вистинска магија што го имаме. Како што лекарите се трудат да пронајдат третмани со кои ќе се намалува болката, нашиот животен век ќе продолжи да се зголемува (освен ако фармацевтските компании не ги покачат цените). Лесно е да се заборави зошто луѓето во минатото се плашеле да одат на доктор, медицината била застрашувачка! Видете ги следниве медицински процедури кои всушност постоеле, а изгледаат како вистински кошмар.

Цедење крв

Многу долг период се верувало дека телото се полни со т.н. „хумори“. Понекогаш кога личност ќе заболела од „лоши хумори“, докторите морале да ги исцедат од неа со намерно предизвикано крварење.

13-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Бушење на черепот

Докторот бушел огромна дупка во главата на пациентот, бидејќи се верувало дека така се лечи епилепсија и други ментални нарушувања. Но знаете, тоа исто така предизвикувало чувство на голема дупка во мозокот.

12-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Инфицирање со маларија

Се сметало дека треската го убива сифилисот, па така старите лекари често ги инфицирале нивните пациенти со маларија. Се разбира, несаканите ефекти на маларијата најчесто предизвикувале смрт.

11-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Бесење во мрежа

Овој човек на сликата не паднал случајно во неговата импровизирана лежалка, туку всушност го лечеле од сколиоза. Лекарите сметале дека најдобриот начин за да го наместат грбот на пациентот, е да го врзат како да паднал во стапица.

10-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Инјекција со радијација

Во 60-тите, лекарите во Мериленд експериментирале со лечење на груби акни преку радијација. Дури и во средно училиште, младите попрво би сакале да имаат акни отколку да добијат рак на кожата.

9-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Пресадување кожа

Овој „демон“ на сликата всушност е човек кој бил повреден во Првата светска војна. Дел од неговата кожа бил сошиен како цевка и привремено ставен на носот како реконструктивен третман. Оваа постапка нормално прерасна во модерно пресадување кожа.

8-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Хелиотерапија

Не е сигурно зошто децата на сликата се држат за раце притоа носејќи долна облека (сериозно, да не е ова некој морничав култ?), но овие деца ги лечеле од туберкулоза, стоејќи околу една силна ламба. Теоријата кажува дека ламбата им го покачувала витаминот Д, кој им помагал да се борат против бактеријата.

7-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Чистење вошки

Прскањето на главите на луѓето со ДДТ (дихлородифенилтрихлотоетан – еден од најпознатите синтетички пестициди) бил ефикасен начин за убивање вошки. Нема ништо лошо во третманов, ако се изземат ракот и глобалното затоплување.

6-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Фекална бактериотерапија

Овој третман се користи и денес во лекување на инфекции предизвикани од бактеријата Clostridium difficile. Во задникот докторите инјектираат кака од некој друг. Звучи гадно, но всушност тоа ја враќа здравата бактерија во дебелото црево.

5-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Крвопиење

Друг начин за да се ослободите од оние „хумори“ кои претходно ги спомнавме, е со помош на пијавици – метод кој сè уште се користи и денес за да отстранување на згрутчена крв.

4-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Лек од жива

Таа некогаш се користела за лечење рани.

3-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Лечење со црви

Ако ви се случи да имате екстремитет којшто има гнило месо, црвите се овде за да ја исчистат таа рана. Многу е корисно.

2-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Терапија со урина

Многу цивилизации некогаш верувале дека пиењето урина било добро за кожата и можело да лечи алергии. Римјаните дури ја користеле како природно белило за забите. Човекот на сликата ја пие урината бидејќи верува дека ќе му помогне да биде во медитативна состојба.

1-mozhebi-zvuchi-ludo-no-nekogash-ovie-lekarski-tretmani-bile-prifateni-od-site-kafepauza.mk

Овие работи ќе ве натераат да помислите дека нашите сегашни медицински лекови, еден ден ќе изгледаат ужасни и старински. Како на пример, дали фластерот направил нешто? Можеби не многу, но сепак е подобро од лечењето акни преку радијација.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар