Момците се согласија: Ова се работите кои не сакаат да ги видат на социјалните мрежи

Момците се согласија: Ова се работите кои не сакаат да ги видат на социјалните мрежи

Вашето однесување на социјалните мрежи може да ги одбие момците. Дали некогаш сте се запрашале што тие не сакаат да видат на нашите профили на социјалните мрежи? Момците се согласија и искрено ни одговорија. Ова се работите кои не можат да ги поднесат.

1-momcite-se-soglasija-ova-se-rabotite-koi-ne-sakaat-da-gi-vidat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

1. Премногу селфи фотографии

По некоја селфи фотографија е сосема во ред, но целиот профил со скоро исти фотографии остава лош впечаток. Бидете повеќе креативни кога се фотографирате.

2. Приватни драми

Не морате секој ваш проблем да го споделите јавно. Задржите нешто за себе или во рамки на разговорот со вашите пријателки кога ќе излезете на кафе. Во спротивно, ќе го преплашите.

2-momcite-se-soglasija-ova-se-rabotite-koi-ne-sakaat-da-gi-vidat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_

3. Хаштагови

Сите ние сакаме лајкови и нови следбеници, но тоа воопшто не значи дека под секоја фотографија мора да има 1.000 хаштагови. Колку време потрошивте додека ги напишавте сите?

4. Претерана активност

Правите ли нешто друго во животот, освен што „висите“ на социјалните мрежи? Така излегува дека не правите ништо друго во животот, освен што висите на Фејсбук, што се гледа по вашите 30 објави на ден, 100-те слики кои ги лајкнувате секојдневно… Тој ќе знае дека сте без обврски и дека немате некоја попаметна работа во животот, а никој не сака залудни девојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар