Момците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското тело

Најголемиот кошмар за сите жени е целулитот. Целулитот е воедно и најголемиот виновник за ниската самодоверба кај жените, како и за нивното одбегнување да го покажат телото на светлина. Станува збор за маснотии кои се собираат под кожата и создаваат видливи дупчиња на нејзината површина. Тие стануваат повидливи како што жените стареат. Жените обично се загрижени дека доколку мажите ги забележат нивните бутови и задник покриени со целулит, ќе си помислат дека се премногу стари, премногу дебели или дека не се доволно згодни за да им бидат сексуално привлечни. Но, што навистина мислат мажите за оваа неминовна појава присутна и кај најслабите девојки? Прочитајте ги нивните одговори…

Момците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското тело

Кога пред вас ќе застане гола жена, што е првото нешто што го забележувате?

„Веројатно нејзините гради, бидејќи тие се најзабележливи. Но, веднаш потоа погледот ми залетува накај нејзината вагина.“

„Облините, рамената, градите, половината, колковите и нозете.“

„Барам дали има тетоважи!“

„Стомакот.“

„Обликот на телото.“

„Градите.“

„Лицето.“

„Насмевката“

„Дали е наежена или не.“

„Нејзините гради, обликот и големината.“

„Струкот, колковите, вагината.“

„Нејзината фигура во целина.“

Што ви се допаѓа најмногу кога станува збор за женската кожа?

„Нежноста.“

„Топлината.“

„Обожавам кога девојката има нежна кожа со сладок мирис.“

„Директниот допир кожа на кожа е многу сензуален и возбудлив.“

„Мекоста.“

„Мирисот и можноста за возбудлива предигра што ја нуди.“

„Тенот. Обожавам исончан или многу блед тен на кожата.“

Момците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското тело

Со неколку зборови објаснете што е целулит

„Маснотии видливи на кожата?“

„Маснотии што создаваат дупчиња.“

„Акумулирани масни наслаги и соли.“

„Масни клетки.“

„И јас имам целулит.“

„Нормална работа, многу мал проблем.“

„Маснотии под кожата.“

„Телесни маснотии што имаат специфичен изглед.“

„Не сум сигурен што е, но ѝ дава нерамен изглед на кожата.“

„Немам поим. Маснотии?“

Дали некогаш сте забележале целулит кај жените? Доколку сте забележале, што мислите за него?

„Не му обрнувам многу внимание, ниту ми е гајле за него.“

„Сум забележал, но не влијае на мојот впечаток.“

„На некои жени подобро им стои отколку на други.“

„Обично маснотиите се цврсти и тоа е во ред. Но, ако се опуштени насекаде на кожата, тогаш не сум сексуално привлечен.“

„Зависи.“

„Не секогаш.“

„Веројатно да. Но, не размислувам за тоа.“

„Понекогаш, нормално е.“

„Жената треба да биде ептен во добра форма за да нема целулит. Не ми пречи, освен ако не е претерано одвратно.“

„Ретко и зависи од жената. Понекогаш не ми пречи, а облините секогаш се многу секси.“

„Го забележувам, ама сеедно ми е.“

Момците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското тело

Кога би требало да ѝ го опишете целулитот на саканата, но притоа таа да не дознае за што станува збор, како би го опишале?

„Делот од неа што го прави нејзиниот задник неодолив.“

„Нешто што едноставно постои?“

„Убави несовршености.“

„Прекрасно нешто.“

„Таа има повеќе проблеми со него одошто јас. Има многу малку целулит.“

„Не знам дали би можел… Навистина не обрнувам внимание. Кога мојата сакана изгуби 8 килограми, морав на внимателен начин да ја потсетам дека не сум забележал ни кога се здебелила.“

„Нешто што не е голема работа.“

„Не би го опишувал. Зошто би размислувал за тоа? Нема никакво влијание на мојата љубов кон неа.“

„Каков целулит?“

„Најпросто. Масни линии.“

Дали целулитот кај жената влијае на тоа колку ви е привлечна?

„Не можам да си замислам дека би можело да влијае, иако теоретски постои можност. Сум бил со многу крупни девојки и на некои места кожата како да им беше одвоена од телото. Тоа не ми беше баш пријатно.“

„Не, освен ако нема навистина голем проблем со вишокот килограми.“

„Можеби.“

„Не ми се допаѓа, но и слабите згодни девојки го имаат, затоа што тоа е нешто нормално. Така што, веројатно зависи.“

„Повеќе зависи од нејзиното општо физичко здравје.“

„Воопшто не. Сум бил со секакви жени.“

„Можеби, ако има навистина многу целулит.“

„Би можело, во зависност од тоа до кој степен има целулит и како ѝ стои на фигурата.“

„Не, тоа се само маснотии.“

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар