Момците не можат да ги разберат девојките! Овие работи го докажуваат тоа

Воопшто не трудете сè да го натерате вашето момче да ги разбере сите ваши особини, работите што ги сакате и активностите што ви претставуваат задоволство. Можеби ќе гледа дека тие нешта постојат, но длабоко во себе тој не разбира зошто се случуваат. Мажите често зборуваат со своите пријатели за чудниот начин на кој се однесуваат девојките, но едно е сигурно – тие некои работи не ги разбираат и никогаш нема да ги разберат. Ако тој ве праша за некоја од нив, објаснете му го само најглавното, сè повеќе од тоа само ќе му претставува главоболка.

1-momcite-ne-mozhat-da-gi-razberat-devojkite-ovie-raboti-go-dokazhuvaat-toa-www.kafepauza.mk_

1. Месечниот циклус. Ова е мистерија за момците. Сè што тие знаат е дека жената крвари. Интересно би било и ние да можеме да ги видиме момците со грчеви во стомакот додека крварат, нели? Сепак тоа и не е така возможно, па сè што им преостанува е да ни се посветат и да ни ја подарат целата нивна љубов во тој период.

2. Промената на расположението или ПМС. И момците имаат промени во расположението, но тие тоа нема никогаш да го признаат. Кога ние сме во тој период, тие мислат дека сме луди, но вистината е дека само имаме малку поголема доза емоции и хормони. На сето ова додадете го секојдневниот стрес и рецептот за променливо расположение е успешен. Само кажете му на вашето момче дека сте во тој период и продолжете.

3. Групното одење во тоалет. Па што ако ние сакаме да одиме во тоалет во група? Малку им завидуваме на момците што може да одат во тоалет и да излезат за помалку од минута. Сепак, интересно е во тоалетот да се зборува со најдобрата другарка за момчиња или едноставно да проверите дали сè е на свое место. Момци, нема да сфатите.

4. Селфи фотките. Вистина е дека жените се малку повеќе опседнати со селфи фотографии отколку мажите. Ние сакаме да го овековечиме секој момент од нашиот живот за подоцна да ги споделиме овие убави спомени со нашите пријатели, семејството и идните деца. Можеби не разбирате, но ова е еден вид хоби.

2-momcite-ne-mozhat-da-gi-razberat-devojkite-ovie-raboti-go-dokazhuvaat-toa-www.kafepauza.mk_

5. Времето потребно да се подготвиме. „Се извинувам што ми требаа три часа повеќе за да се подготвам отколку на тебе.“ Момците се жалат, но исто така сакаат жените да изгледаат прекрасно кога ќе пристигнат. За тоа е потребно време. Момците не треба да ги средат своите нозе, мишки и бикини зоната. Не треба да се оптоваруваат со својата фризура и шминка. Момците можеби имаат неколку парчиња, додека ние имаме цел трговски центар во нашиот плакар. И девојките сакаат овие работи да изгледаат поедноставно, но сепак тоа не е возможно.

6. Големата љубов за шопинг. Момците сакаат да земат пиво, грицки и да лежат пред телевизор. Ние сакаме шопинг. Ова и не изгледа премногу тешко за сфаќање, но сепак мажите се збунуваат. Шопингот е еден вид медитација. Забавен е и помага да се релаксираме. Ова е уште едно хоби и момците би требало да го прифатат.

7. Гледањето женски филмови. Искрено, ниту ние не го сфаќаме ова. Чудно е и не би требало да постои никаква причина за уживање во гледањето филм со пакетче марамчиња до себе. Можеби е поради емоциите или пак заради способноста да се „изгубиме“ во нечиј живот. Не трудете се да сфатите девојки, тука сме беспомошни исто како и момците.

8. Потребата добро да се исплачеме. Тишината и бесот се начинот на кој момците се справуваат со стресот и проблемите. Девојките плачат. Но, тоа не значи дека се слаби. Со ова му дозволуваме на мозокот да се ослободи од стресот и да ги прифатиме нештата, а потоа подготвуваме план. После плачењето ние сме подготвени да завладееме со светот. Момците мислат дека ова е хаос, но нам ни помага за релаксирање и продуктивност.

9. Притисокот за бебе. Сигурно некои момци ве прашале дали сакате да имате дете, но кај девојките е поразлично. Девојки, знаете на што мислиме? Веднаш по влегувањето во пубертет тоа започнува. Во правата сериозна врска или после завршувањето гимназија станува уште полошо. Кога веќе ќе навлезете во триесеттите станувате вистинска темпирана бомба за деца. Да, биолошкиот часовник нè полудува. Би сакале момците да поминуваат низ истиот тој процес.

10. Несигурноста околу изгледот. Жените се бомбардирани со разни правила околу тоа како тие треба да изгледаат. Кај мажите не е исто. Девојките не се совршени и никогаш нема да бидат, а од нив се очекува да изгледаат како супер модели. Дајте ни простор ако се чувствуваме несигурно. Сè што треба да направите е да ни дадете неколку комплименти и ќе се чувствуваме подобро.

3-momcite-ne-mozhat-da-gi-razberat-devojkite-ovie-raboti-go-dokazhuvaat-toa-www.kafepauza.mk_

11. Озборувањето. Што може да кажеме, ние сакаме да зборуваме за другите луѓе. Така знаеме што се случува. Ова не е злобно, туку еден вид истражување. Никогаш нема да знаете кога ќе ви притреба приказната за соседот кој ја косел тревата со сестрата на неговата сопруга во скутот.

12. Се одбрануваме лесно. Да, се онерасположуваме. Но, ова не е причина за да не навредувате. Понекогаш ни е потребен момент за да се чувствуваме подобро. Тоа не нѐ прави кралици на драмата. Сето ова се должи на секојдневните навреди кои ги слушаме, заради што стануваме одбранбени. Момците не сфаќаат бидејќи не минуваат низ истите работи.

13. Не сме секогаш расположени за секс. Додека момците се секогаш супер расположени и им е потребен само момент да помислат на секс кај нас за тоа е потребно време. Па, на нив им е тешко да го разберат ова. Ние ќе ве известиме кога ќе сакаме. Дури и ќе ве почитуваме ако не навалувате на тоа.

14. Потребата од предигра. Една од причините зошто жените не се расположени за секс е недостатокот од предигра. Да, потребна е. Жените треба да се спремат за секс. Тоа е начинот на кој се изградени нашите тела. Мажите можеби ова го гледаат како одолговлекување, но навистина треба да го сфатат како еден интересен начин за воведување во главниот дел. Потсетете го вашето момче дека предиграта е вовед во она што тој навистина го сака и не се потребни никакви додатни објаснувања за тоа.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар