Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Пораснавме надевајќи се дека еден ден ќе го запознаеме принцот на бел коњ и замислувајќи ги сите машки ликови од бајките и сказните како вистински. Но, дали желбата навистина да сретнеме такво момче во реалниот живот сосема исчезнува кога ќе пораснеме? Момците од сказните прават буквално сè за девојката која ја сакаат, пеат, играат, се борат и прелетуваат планини само за да ја освојат. Еве дел од ликовите на Дизни кои би требало да бидат вистински.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Џон Смит

Овој лик оди прв на листата бидејќи е вистински авантурист, бестрашно момче кое освојува со својата привлечност и шарм. Сигурно токму ова се причините поради кои Покахонтас му го подари своето срце.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Тарзан

А Тарзан оди втор. Кому му требаат скапи и луксузни коли кога може да јази по дрва и да се бори со диви ѕверови? Можеби е израснат од мајмуни, но тој факт ќе го занемариме со оглед на тоа што е толку згоден. Плус, можеби изгледа грубо, но во душата е плишано мече. За среќа Тарзан постои и во вистинскиот живот.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Ѕверот

Убавица со ѕвер покрај себе – во модерно време тоа е вистински сон за многу девојки. Најважно од сè е тоа што, настрана од моредното сфаќање за Убавицата и Ѕверот, сказната ни дава поука – не е сè до надворешниот изглед. Но, Ѕверот на Дизни открива колку всушност е убав, откако добро ќе го запознаете.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Херкулес

Можеби на почетокот се однесува по малку арогантно, но да бидеме реални, Херкулес е полубог! Плус, би направил сè за девојката која ја сака, и целата таа негова храброст, прави најискрено да посакаме да беше вистински.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Аладин

Можеби е уличар и не е вистински принц, но со сигурност знае како да шармира дама. Не јава на бел коњ, но има магичен килим! Која девојка не би сакала прв состанок на летечки килим за одблизу да ги гледа ѕвездите кои тој би ги дофатил за неа?

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Принцот Ерик

Единствениот од сите принцеви на Дизни кој не пееше за својата сакана, но неговите очи просто маѓепсуваат, така што ќе му го простиме тоа.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Мајло

Можеби не е типичен Дизниев карактер, со впечатлив изглед и мажественост, но сепак излезе вистински херој во приказната. Впрочем, кој рече дека момче со гик изглед не може да ги освојува женските срца?

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Петар Пан

Ок, носи хеланки, но знае како да го истакне детскиот дух и како да се забавува. Која девојка не би сакала момче кое ќе ја однесе во волшебен свет и ќе го разбуди детето во неа? И како капак на сè, дечкото го победи лошиот капетан Кука, така што, кому му е грижа што носи хеланки, сепак е јунак.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Шенг

Лошото момче, лидер на армијата. Способен, трениран, згоден и добро граден… Веднаш ни ги освои срцата. Плус, не се плашеше да тргне по успешна и храбра девојка, нетипична за тогашното општество.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Принцот од Пепелашка

Можеби ни е омилен бидејќи по малку го асоцираме со штикли, но сеедно, станува збор за класичен принц на бел коњ кој секоја девојка го посакува. И секако, секоја девојка заслужува да има свој принц на бел коњ.

Момци од цртаните на Дизни кои би требало да бидат вистински

Кој принц вие би сакале да биде вистински? Кои се карактеристиките со кои би ве освоиле овие ликови? Дали и во денешно време постојат принцеви, само што се облечени поинаку за разлика од оние од цртаните и не јаваат на бели коњи, ниту летаат на магични килими?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Marija Reply

    Petar Pan <3

  2. taa Reply

    simba O:) <33

  3. Jana Reply

    Dimitri, iako ne e Disney lik, mislam deka toj e sepak olicetvorenie na vistinskoto momce za sekoja devojka… A koga stanuva zbor za lik od Disney crtanite, bi go odbrala Simba i Kovu… Mozebi e nesfatlivo, no se ekstremno privlecni 😀

  4. neznam Reply

    Maskite ke se odnesuvaat kako princovi koga devojkie ke se odnesuvaat kako princezi…

Напиши одговор на Marija Откажи одговор