Моќта на судбината: Патиштата на овие сопружници се вкрстиле 11 години пред да се сретнат!

Додека ги разгледувале старите фотографии, брачниот пар Је и Ксуе од Кина дошле до неверојатно откритие! Во 2000-та година, 11 години пред да се сретнат, тие биле „фатени“ на иста фотографија, бидејќи обајцата биле на исто место во исто време, без да знаат!

Моќта на судбината: Патиштата на овие сопружници се вкрстиле 11 години пред да се сретнат!

Ова можеби не делува како нешто толку неверојатно на прв поглед, но земете го предвид фактот дека Кина е земја со повеќе милијарда луѓе и тие не се наоѓале во некој мал град каде што и двајцата биле родени, туку во огромниот град Кингдао. Шансите да имате толку блиска средба со вашиот иден брачен партнер 11 години пред да се запознаете се навистина мали.

Моќта на судбината: Патиштата на овие сопружници се вкрстиле 11 години пред да се сретнат!

Ова е фотографијата на Ксуе направена пред 18 години

11 години откако била направена фотографијата, тие се сретнале во Ченгду, се венчале и основале семејство. Во куќата на мајката на Ксуе тие ги нашле овие заборавени фотографии.

„Ми има кажано дека била во Кингдао во истото време кога и јас бев во Кингдао, но не знаевме дека имаме заедничка фотографија. Кога ја видов фотографијата, бев изненаден и ме полазија морници. Тоа беше мојата поза за фотографирање. И јас се фотографирав на истото место, со истата поза, само од различен агол“, изјавил Је.

Моќта на судбината: Патиштата на овие сопружници се вкрстиле 11 години пред да се сретнат!

Човекот во позадина е Је кој се фотографирал во истиот момент

Је успеал да ја најде и неговата фотографија што ја направил во истото време и на истото место и ја споделил неговата неверојатна приказна на социјалните мрежи во Кина која набрзо станала вирална.

Моќта на судбината: Патиштата на овие сопружници се вкрстиле 11 години пред да се сретнат!

Моќта на судбината: Патиштата на овие сопружници се вкрстиле 11 години пред да се сретнат!

Пријателите на парот ја толкуваат оваа фотографија како знак дека им било судено да завршат заедно, додека сопружниците се вчудовидени од моќта на судбината и веруваат дека нивната средба е вистинско чудо. Кингдао сега има посебно место во нивните срца.

„Кингдао е дефинитивно еден од најпосебните градови за нас. Кога ќе потпораснат децата, повторно ќе одиме во Кингдао и ќе ја направиме истата фотографија како семејство“, открил Је.

Моќта на судбината: Патиштата на овие сопружници се вкрстиле 11 години пред да се сретнат!

Погледнете ги и овие 26 фотографии кои ја покажуваат вистинската моќ на судбината.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар