Моќта на прошетката

Понекогаш, она што навистина ви е потребно за да ги решите вашите проблеми е кратка и мирна прошетка. Дали некогаш сте забележале дека додека вашиот мозок се бори со нешто вие чувствувате само зголемување на стресот? Но, кога ќе одлучите да излезете на чист воздух, на 20-минутна прошетка во парк, на плажа или околу градот и кога ќе се вратите назад кај изворот на проблемот се чувствувате необјасниво смирено?

Моќта на прошетката

Тоа е моќта на прошетката, на едноставното одење и сè повеќе и повеќе истражувања ни покажуваат дека токму овој едноставен „третман“ има безброј придобивки за нашето физичко и ментално здравје.

Во неодамнешна студија која била објавена во „The Proceedings of the National Academy of Science“, истражувачите ги поделиле испитаниците во 2 групи. Едната група требало да оди на прошетки на однапред договорена патека 3 пати неделно, додека на испитаниците од другата им било кажано да намалат со аеробик вежбите. Тоа што било откриено е дека во периодот на истражувањето, периодичните прошетки покажале 2% зголемување на активноста во хипокампусот, делот од мозокот кој е одговорен за учење и помнење. Кај другата група не биле забележани никакви промени.

Ова истражување се поврзува и со други студии кои покажуваат дека прошетките всушност ги подобруваат перформансите на задачите поврзани со помнењето, како и на општото функционирање на мозокот. Одењето е едноставна и корисна вежба за која ретко кој од нас има време. Но, кога ќе ја применувате има значајно влијание врз нашето здравје и психологијата.

Другата позитивна работа поврзана со прошетките е дека таа поттикнува мечтаење и фантазирање, кои се екстремно корисни начини за зголемување на креативноста и решавање на проблемите. Понекогаш најдоброто нешто што можеме да го направиме за да решиме проблем од нашиот живот е физички да се оддалечиме од него. На тој начин му овозможуваме на нашиот мозок малку да „скита“ и преку мечтаењето дозволуваме сосема нови одговори и сознанија да излезат од нашата несвесност без никаков труд.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар