Моќта на матичните клетки

Моќта на матичните клетки

Медицинските проучувања, што опфаќаат ползување од основните телесни клетки, познати како матични клетки, е област од која може многу да се очекува. Тие клетки имаат единствена способност да се развиваат (диференцираат) во многу видови зрели клетки, како што се клетките на кожата, црниот дроб, мозокот или мускулите.Моќта на матичните клеткиПовеќето телесни клетки се разликуваат и се специјализираат за одредени функции. Кога клетките се специјализираат, обично ја губат способноста за делење и за создавање нови клетки, а тие кои можат да се делат, создаваат клетки само од истиот вид. За разлика од нив, матичните клетки, можат да се обновуваат и да го поттикнуваат развивањето на многу видови ткива. Клетките во ембрионите (почетна фаза во развитокот на бебето), се најдобар пример за матични клетки. Додека ембрионот расте и се развива во бебе, неговите матични клетки се диференцираат за да ги создадат сите видови ткива во човечкото тело.Моќта на матичните клеткиКај бебињата, децата и возрасните, матичните клетки можат да се добијат само од одредени делови од телото, како што е коскената срцевина. Матичните клетки од коскената срцевина можат да создадат само ограничен број телесни ткива, но доказите укажуваат дека матичните клетки од ембрионот, со вештачко поттикнување можат да ги создадат сите видови ткива. Се смета дека крвта од папочната врвца на бебето, што може да се собере непосредно по раѓањето, може да биде одличен извор на матични клетки, иако нивното издвојување и одгледување од тој извор е доста тешко.Моќта на матичните клеткиМатичните клетки може да се ползуваат за обновување на оштетено ткиво или за создавање органи потребни за трансплатација. Денес, еден од проблемите при трансплатирање во туѓо тело, како што се донираните органи, е тоа што имунолошкиот систем, веројатно, ќе ги отфрли. Проучувањата на матичните клетки може да доведе до неколку решенија на ваквите проблеми.Моќта на матичните клеткиПрво решение е да се трансплантираат ткива што се создадени од матичните клетки на самиот пациент. Второ решение е генетски да се изменат ембрионски матични клетки за да се намали можноста од нив добиените ткива да предизвикаат имунолошка реакција, дури и ако клетките се имплантираат во друг човек. Третото решение е терапевтско клонирање. Оваа постапка може да вклучува соединување на генетскиот материјал на пациентот со празна јајце-клетка на дарителот. Секој ембрион што подоцна ќе се развие, ќе се поттикнува да создава матични клетки и истите ќе бидат имунолошки сообразени со пациентот.

Ако продолжат истражувањата во областа на терапевтското клонирање, солидни резултати можат да се очекуваат околу 2020 година. Меѓутоа, некои луѓе од етички побуди протестираат на овие проучувања, бидејќи тие опфаќаат експериментирање со човечки материјал.Моќта на матичните клетки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар