Моќта на драгоцените камења

Моќта на драгоцените камења

Зад секое драгоцено камче се наоѓа приказна и магија недопрена од времето…

1. Амазонит

Најголем дел од стручњаците тврдат дека овој драгоцен камен го има добиено своето име по реката Амазон во Бразил, иако таму воопшто не може да се најде амазонит. Се верува дека поврзаноста е во боите кои ги рефлектира, а потсетуваат на дождовните шуми по должината на реката. Според друго мислење, амазонитот го има добиено своето име по воинствените Амазонки, кои на мажите кои ги посетувале им подарувале прекрасен зелен камен.

Моќта на драгоцените камења

Самиот камен е многу чувствителен на притисок и токму поради тоа е тежок за изработка и многу ретко се наоѓа, особено како накит. Боите му варираат од зелена, тиркизна па дури и жолто-зелена, а многу ретко може да се најде во транспарентна, проѕирна состојба.

Она што е најинтересно за овој камен е верувањето дека помага за благосостојба во брачниот живот, односно дека ја поттикнува креативноста и душевниот мир. Исто така, според многумина амазонитот доколку се постави на болно место, може да помогне да се намали болката. Смирува, ја поттикнува самодовербата и често е нарекуван „камен на надежта“ поради позитивното дејство што го има кај оние кои го носат. Создава чувство на сила, ја инспирира вистината, искреноста и љубовта спрема себе. Многу добро се вклопува во филигранскиот накит и делува многу моќно.

2. Аметист

Овој драгоцен камен е всушност виолетова варијанта на кварц и е најценетиот и највреден камен од таа група. аметистот со врвен квалитет има длабока темно виолетова боја со розов отсјај. Бидејќи виолетовата се смета за кралска боја, овој камен уживал историска важност како симбол на моќ. Токму поради тоа често се среќава како дел од накитот на Британските и Египетските  кралски семејства, а  и бил омилен на Катерина Велика. Тој исто така бил познат и како „камен на епископите“ бидејќи бил многу ценет во високите кругови на Христијанската црква.

Моќта на драгоцените камења

Името на каменот доаѓа од грчкиот збор „трезен“ поради верувањето дека помага во задржување на свесност и трезвеност при консумирање алкохол. Токму поради тоа чашите за вино биле многу често украсувани со него. И денес за аметистот се смета дека помага во лечењето зависности, особено алкохолизмот. Му се припишуваат бројни лековите својства особено за несоница, главоболки, проблеми со слухот, а некои веруваат дека овозможува  подобрување на разни ментални растројства.

Моќите на аметистот вклучуваат чувство на мир, храброст, привлекува љубов и среќа, духовно издигнување и верувале или не, наводно заштитува од кражби.

Аметистот е камен на месецот февруари и на хороскопските знаци риби, овен, стрелец и водолија.

Легендата за потеклото на Аметистот: Приказната за овој прекрасен драгоцен камен, всушност доаѓа од Грчката митологија. Дионис, богот на виното, бил многу лут поради навредата која ја претрпел од некој обичен човек и се заколнал на одмазда на првиот смртник кој ќе му наиде на патот. Одмаздата требало да ја спроведат гневни тигри. Аметист била прекрасна млада смртничка, која сакајќи да и оддаде почит на божицата Диана станала мета на тигрите. Диана за да ја заштити од бруталните канџи ја претворила Аметист во статуа од чист кварц. Дионис, жалејќи за неправдата која ја нанел на младата Аметист почнал да плаче пред нејзината преубава статуа. Солзите од вино на Дионис ја обоиле статуата виолетова, создавајќи го познатиот драгоцен камен.

3. Аквамарин

Името на каменот доаѓа од латинскиот израз „морска вода“ а го добил поради своите деликатни нијанси од скоро проѕирна сина боја до темно сино-зелена. Аквамаринот всушност претставува вариетет на берил. Самиот аквамарин е доста популарен особено поради цврстината што го прави погоден за изработка на накит и поради прекрасниот отсјај. Вредноста на каменот е поголема доколку бојата е позагасита. Највредните примероци на аквамарин доаѓаат од Бразил.

Моќта на драгоцените камења

Сината боја на аквамаринот го поттикнува чувството на верност и постојаност и е поттик за длабоки размислувања. Симболизира надеж, здравје, младешка виталност и вредност. Римските морепловци верувале дека аквамаринот носи среќа на море и ја спречува морската болест. Легендата вели дека аквамаринот бил пронајден во ковчег со богатства кој го чувале прекрасни сирени.

Најголемиот аквамарин кој некогаш е пронајден, потекнува од Бразил а датира од 1910 година. Самиот камен тежел 110,5 кг. а бил долг 48.5 сантиметри.

Аквамаринот е камен на месецот март и на родените во хороскопскиот знак скорпија, бик, близнаци, водолија и риби.

4. Дијамант

Дијамантите се вечни. Дијамантот е најдобриот пријател на жената, а најлошиот непријател на мажот. Тие се сјајни, гламурозни, скапоцени и целиот свет ги обожава. Како драгоцен камен дијамантот традиционално е поврзан за љубовта, претставува симбол на верност, обврзаност и сила. Токму затоа кога се подарува дијамант, љубовта треба да трае вечно, со цврстината на неуништливиот камен.

Моќта на драгоцените камења

Самото име на драгоцениот камен доаѓа од грчкиот збор „непобедлив“. Дијамантот е алотропска модификација на јаглерод. Тоа е најтврдиот минерал во природата. Затоа се користи за сечење, брусење и полирање на други помеки материјали. Бојата на каменот во најголем дел случаите е бела.

Се верува дека дијамантот ја поттикнува инспирацијата кај сите оние кои се занимаваат со креативна работа како поетите, сликарите, актерите и производителите на парфеми. Дијамантот низ историјата се користел за заштита од црна магија, па дури и ден денес многу луѓе веруваат дека може да го намали дејството на некои отрови.

Сепак, една од најголемите улоги кои му се припишуваат на овој прекрасен камен е секако позитивното дејство што го има врз брачниот живот и врските. Дури се верува дека е од голема помош при лечење на разни болести поврзани со сексуалниот живот.

5. Смарагд

Поради невообичаено богатата зелена боја и високиот сјај, овој драгоцен камен има висока вредност. Бил познат како исклучително вреден драгоцен камен низ историјата, а симбол е на животот, на пролетта и на убавината.

Моќта на драгоцените камења

Освен по својата убавина овој камен е познат и по своите моќи, особено позитивното дејство што го има врз лекувањето епилепсија. Исто така, се верува дека смарагдот ја подобрува меморијата, интелигенцијата, а низ народните преданија се вели дека токму овој камен го користеле за предвидување на иднината. Смарагдот и бил омилен камен на Клеопатра, која верувала дека каменот има моќ врз нејзиниот љубовниот живот.

Друга интересна моќ која му се припишува на овој драгоцен камен е откривањето лажни пријатели, затоа што каменот во присуство на негативна енергија наводно ја менувал бојата.

Смарагдот се препорачува за родените во мај и во хороскопскиот знак бик.

6. Тигрово око

Наречен е поради нијансите на златно-жолта, кафеава и црна боја, како и поради ефектот кој го даваат преливајќи се една во друга, така што самиот камен потсетува на мачкино или тигрово око.

Познато за овој полудрагоцен камен е тоа дека го стабилизира високиот крвен притисок, а особено е благотворен за лекување на заболувања на дишните патишта, срцеви заболувања и псоријаза.

Моќта на драгоцените камења

Од духовен аспект тигровото око се користи за фокусирање на умот и постигнување длабока концентрација, поради тоа што со себе носи мудрост и внатрешен мир. Се смета дека овозможува заштита при патување и дека ја зајакнува самодовербата кај личноста што го носи. Го зајакнува карактерот и привлекува пари и богатство. Охрабрува, ослободува од ноќните кошмари, особено кај децата.
Тигровото око се препорачува за хороскопските знаци близнаци, рак и стрелец.

7. Месечев камен

Го користеле старите Римјани за изработка на накит затоа што верувале дека самиот камен се формира од светлината што ја рефлектира Месечината, што всушност и не е многу далеку од вистината, затоа што благото преливање на каменот наречено „adularescenca“ многу потсетува на месечевата светлина.

Моќта на драгоцените камења

За месечевиот камен се верува дека носи добра среќа и воведува баланс во животот на тој што го носи. Идеален избор е за вљубените затоа што ја заштитува љубовта. Го смирува мозокот и има влијание на нервите на тој начин што го намалува стравот. Токму поради тоа е многу ефикасен против главоболки.

Месечевиот камен се препорачува за родените во хороскопскиот знак рак.

8. Опал

Овој камен буквално ја рефлектира сета убавина на природата, огнот, разиграната светлина, сите бои на виножитото и длабочините на најдалечните мориња, сето тоа слеано во едно камче. Опалот потекнува од Австралија па токму од Абориџините доаѓа и најубавата легенда врзана за овој драгоцен, мистичен камен. Според нив кога креаторот на светот се симнал на Земјата на виножито, со цел да ја донесе пораката за мир меѓу луѓето, на местото каде што прв пат стапнал камењата оживеале и почнале да светкаат во сите бои на виножитото.

Моќта на драгоцените камења

Со векови луѓето веруваат во моќите на опалот. Овој камен помага во лечењето депресија, а на тој што го носи му помага да ги открие вистината и љубовта. Она што е карактеристично за опалот, е фактот дека поради фасцинантната игра на бои и шаренило кои ги рефлектира, влијае врз расположението и емоциите секогаш различно.
Опалот е среќен камен за оние родени во знакот на рак, скорпија и овен.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. spasoja Reply

    se od ubav poubav…

  2. Brankica Reply

    Samo edna korekcija vo delot kaj opalot-Со векови луѓето веруваат во моќите на опалот. Nema mnozina od zborot ,,mok,,.Postoji mok ili moknost, nema ,,moki,, Pozdrav

    • Симона Reply

      Благодарам на исправката, од грешките се учи 🙂 Поздрав

  3. Антонио Reply

    Аметистот и Аквамаринот ми се најубави и плус сум водолија … прекрасни се! Дали знаете цена на овие камења?

    • Симона Reply

      За жал, не би можела да дадам точна цена за камењата, верувам дека варира од изработка, потекло и сл. Најверојатно најточни информации можете да добиете во златарите 🙂 Поздрав

  4. Ana Reply

    A za vaga koj kamen e ? o.O

  5. Симона Reply

    За вага одговараат емералд, опал, жад, но сепак тоа за хороскопските знаци е само како дополнителна информација, целта на текстот е да се укаже на позитивните својства на овие камења, и секако изборот треба најмногу да зависи од потребата во моментот…

  6. veljo Reply

    a za jarec koj kamen e ?

  7. Petranka Reply

    I jas sakam da znam za jarec

Напиши одговор на Антонио Откажи одговор