Моќниот и величествен тигар

Убав, смртоносен и загрозен вид е кусиот опис за ова моќно и величествено животно. Прочитајте неколку фасцинантни факти за него…Моќниот и величествен тигар1. Тигарот е најголем од четирите „големи мачки“ (лав, јагуар, леопард и тигар) и е на врвот меѓу предаторите, односно најгоре во нивниот синџир на исхрана. Најголемите тигри можат да пораснат до 3,3 метри во должина и да достигнат тежина до 300 килограми. Нивните заби растат околу 10 сантиметри.Моќниот и величествен тигар2. Тигрите се месојадни животни, што значи зависат исклучително од хранливите материи кои ги содржи животинското месо. Тие се територијални и генерално осамени животни. Живеат во големи области, со цел да можат да ги задоволат своите потреби за лов, односно за исхрана.Моќниот и величествен тигар3. Три од деветте подвидови на модерниот тигар се исчезнати, а останатите шест се водат како загрозени. Основните причини за тоа се ловот и уништувањето на нивното природно живеалиште од страна на човекот. Останатите подвидови тигри се: Бенгалскиот тигар, Индокинескиот, Малајскиот, Суматранскиот, Сибирскиот и Јужно-кинескиот тигар. Најголемиот подвид е Сибирскиот, а најброен Бенгалскиот.Моќниот и величествен тигар4. Од големите мачки само тигарот и јагуарот се силни пливачи, тие често можат да се видат како се бањаат во езерата, реките…  Тигрите се способни пленот да го носат низ вода. За време на екстремно високите температури пак, тие често се разладуваат и под сенките на дрвјата.Моќниот и величествен тигар5. Хибридизацијата, односно вкрстувањето помеѓу големите мачки, вклучувајќи го и тигарот, за првпат е изведено во 19 век, кога зоолошките градини со цел да остварат финансиска добивка биле посебно заинтересирани да создадат поинакви видови. Тигрите се парат со лавови за да се создадат хибриди наречени лигри и тигони.Моќниот и величествен тигар6. Како и другите големи мачки, така и тигрите имаат бела точка на задниот дел од нивните уши. Овие точки, наречени „ocelli“ им служат за меѓусебно комуницирање во мрак, густа шума или во висока трева.Моќниот и величествен тигар7. Најпознатата мутација  на овие диви мачки е белиот тигар, во стручната литература познат како chinchilla albinistic. Ова животно е ретко во дивината, но нашироко се одгледува во зоолошките градини низ светот поради неговата огромна популарност.Моќниот и величествен тигар8. Парењето на тигрите може да се случи во кое било време од годината, но најчесто се парат во периодот од ноември до април. Бременоста кај тигрите трае 16 недели. Женката може да носи 3-4 младенчиња во својата утроба. Секое од нив се раѓа слепо и беспомошно и тежи по околу еден килограм. Нив ги одгледува мајката, згрижувајќи ги во дувла, како што се пукнатините во карпите и малите шумички. Таткото на младенчињата не учествува во нивното одгледување.Моќниот и величествен тигар9. Големината на домот на тигарот главно зависи од тоа колку областа изобилува со плен, а за машките тигри важен е и пристапот до женките. Тигриците покриваат територија од 20 квадратни километри, а мажјаците од 60 до 100 квадратни километри. Опсегот на територијата на мажјакот има тенденција да се преклопува со онаа на женките.Моќниот и величествен тигар10. Тигарот се појавува на многу знамиња и грбови, како маскота на спортски тимови и како национално животно во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индија. Индија е дом на најголем број тигри во светот, кои живеат во дивината. Според светската организација за заштита на животните и животната средина „World Wildlife Fund“ на секои 3.500 тигри во светот, 1.400 живеат во Индија.Моќниот и величествен тигар


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар