Моќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеење - Part 2

Моќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеење

6. Човек учи странец да врзува вратоврска

Моќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеење

Еден млад човек стоел во метрото и не можел правилно да си ја врзе вратоврската. До него стоела една жена со нејзиниот сопруг, па таа му рекла на сопругот да му помогне. Старецот без двоумење му покажал на момчето како се врзува вратоврска.

7. Малиот Волт кој им помага на бездомниците

Моќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеење

Во 2016-та година, 5-годишниот Волт од Сан Франциско видел реклама за некоја кампања. Целта била да се соберат пижами кои ќе им бидат дадени на семејства со посвоени деца. Рекламата го импресионирала Волт, па тој почнал да ги замолува пријателите и роднините да му даваат пижами што ќе ги донира за посвоените деца. По некое време, Волт и мајка му организирале веб-сајт за донации и собрале над 3.000 евра. Волт сфатил дека и на бездомниците им е потребна помош, па тој и неговата сестра станале волонтери во една непрофитна организација која им помага на бездомниците и семејствата со низок приход.

8. Продавачот кој ѝ подарил соковник на жена со рак

Моќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеење

Џереми работи во Vitamix, компанија која продава соковници. Еден ден тој почнал разговор со жена што барала соковник. Таа му кажала дека боледува од рак и дека ѝ бил потребен соковникот за да се храни поздраво. Но, не можела да си го дозволи бидејќи сите пари ги потрошила на лекови. По некое време Џереми ѝ подарил на жената соковник кој вредел повеќе од 300 евра. Жената се расплакала бидејќи целосен странец бил толку добар кон неа.

9. Бездомникот кој ѝ позајмил 15 евра на една девојка

Моќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеење

Кејт Меклур возела кон Филаделфија кога останала без гориво. Била исплашена и не знаела што да прави. Тогаш ѝ пришол еден бездомник и ѝ рекол да остане во автомобилот бидејќи надвор не е безбедно. Тој заминал, но по 20 минути се вратил со гориво. Џони ги потрошил неговите последни 15 евра за да ѝ помогне на Кејт безбедно да се врати дома. Девојката тогаш немала пари за да му врати, па во текот на неколку недели се враќала кај бездомникот и му подарувала чорапи, капа, јакна и храна. Во ноември 2017-та година, девојката организирала веб-сајт за донации за да му помогне на Џони да започне нов живот. Приказната допрела толку многу луѓе што за само 2 месеца биле собрани 300.000 евра. Џони ги искористил парите за да си купи куќа и автомобил, а остатокот го донирал на луѓе кои му помогнале.

Прочитајте ги и овие вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар