Моќни цитати што покажуваат дека промената е добра

Да најдете некој што ќе ве инспирира да направите промена кон подобро е прекрасно чувство. Одеднаш, вие се чувствувате како животот да има значење и се мотивирате да се обидете уште еднаш. Луѓето како Стив Мараболи, популарен автор и говорник за промените во животот, се дел од овие позитивни влијанија. Тој станал славен токму поради своите цитати за животот, љубовта и промената. Погледнете дел од неговите мисли што уште веднаш ќе ве убедат дека промената е добра и дека токму вам ви е потребна.

(2) Моќни цитати што покажуваат дека промената е добра

„Научив дека ако некој им се заканува на моите мир, самопочит или вредност за себе… Јас морам да си отидам. Си го должам тоа себеси… Го должам тоа на мојата иднина.“

„Единствените дозвола, валидација и мислење што се навистина важни во нашата потрага по успех се сопствените.

„Понекогаш најмалиот чекор во вистинската насока води кон најголемиот чекор во вашиот живот.“

„Чудесно е колку драстично може да се промени вашиот живот, кога ќе престанете да ги прифаќате оние работи што ги мразите.“

„Вие отсекогаш сте знаеле дека еден ден ќе треба да се борите за себеси… Дека еден ден ќе треба да си кажете ‘Доволно ми беа овие глупости’… Тој ден може да биде токму денес.“

„Би си направиле огромна услуга ако ги ослободиме луѓето што го трујат нашиот дух.“

„Престанете да ми велите да не горам мостови. Некои мостови требало да бидат изгорени, некои патишта никогаш повторно не треба да бидат одени.“

(1) Моќни цитати што покажуваат дека промената е добра

„Животот не станува полесен, ниту пак ќе почне повеќе да ви опростува. Ние станува посилни и поотпорни.“

„Мислете на тоа што ве смее, на тоа што ве прави среќни… И правете повеќе такви работи.“

„Продолжувањето понатаму не е заборавање на минатото, тоа е учење од истото. Пронајдете ја пораката во нередот… Плачете. Простете. Научете. Тоа е продолжување понатаму.“

„Запомнете: Сè е во вашата глава… Сè. Ако не ви се допаѓа приказната, сменете ја. Ако луѓето околу вас не ја прифаќаат вашата нова приказна, сменете ги и нив.“

„Сите ние правиме грешки, се бориме, па дури и се каеме за одредени нешта во нашето минато. Но, вие не сте вашите грешки, вие не сте вашите борби. Вие сте СЕГА тука, со моќта да го обликувате вашиот ден и вашата иднина.“

„Не го живејте животот како спектатор… Ако никој не навива за вас или не ве навредува, тоа значи дека не сте дел од играта.“

„Како што гледам наназад сфаќам дека секогаш кога мислев дека ми било одбиено нешто добро, јас всушност сум бил пренасочуван кон нешто подобро.“

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар