Моќни цитати од најмистериозниот поет на Интернет кои целосно ќе ви го променат животот

Атикус: Мистериозниот поет кој пишува кратки, едноставни цитати и ги објавува на сите социјални мрежи, почнувајќи од Инстаграм, преку Твитер, Фејсбук и Пинтерест, па сѐ до Тамблр. Цитатите содржат толку многу мудрост, емоции и елоквентност, што Атикус е наречен современиот бард на модерната филозофија. Можеби не знаеме кој се крие зад неговиот/нејзиниот идентитет, но едно е сигурно: Кога станува збор за животот и љубовта, овој поет дефинитивно го разбира начинот на кој тие функционираат. Независно дали сте заљубени, вашето срце е скршено или едноставно уживате во животот, во продолжение прочитајте ги овие длабоки цитати кои несомнено ќе допрат до вашите души.

16 цитати од најмистериозниот поет на Интернет кои целосно ќе ви го променат животот

„Ми се чини дека љубовта може да има етикета на која ќе пишува отров и ние сепак ќе ја пиеме.“

„Таа го има најубавото нешто кое некогаш сум го видел и беше потребна само нејзината насмевка за да сфатам дека убавината е најмалку што таа може да понуди.“

„Таа имаше толку многу маани, толку совршени маани, толку совршени маани за мене.“

„Зборовите никогаш не значеа многу, тоа не беше начинот на кој љубев, туку кога таа ја погали мојата коса додека мислеше дека спијам, знаев дека навистина ме сака.“

„Таа беше моето сѐ, за мене сѐ, таа беше мојот дом во пустината или морето, каде и да беше, таа беше мојот дом, домот за мене.“

„Таа ги носеше неговите комплименти како дијаманти.“

„Моите атоми ги сакаат твоите атоми, тоа е хемија.“

„Таа беше дрога која треба да се зема умерено.“

„Тоа беше нејзината магија, таа сѐ уште можеше да го види зајдисонцето дури и во најтемните денови.“

„Не беше причината начинот на кој изгледаше, туку начинот на кој што постоеше, можев да се заљубам во неа и со очите затворени.“

„Мојата цел е да бидам стар човек, со стара сопруга, кој ќе се смее на стари шеги за дивата младост.“

„Понекогаш ја гледам и се прашувам како од сите лица во светот го најдов она совршеното за мене.“

„Немој да ја најдеш неа и да се изгубиш себеси. Најди се себеси за да ја најдеш неа.“

„Таа не бараше витез, туку бараше меч.“

„Не барај од неа да биде карпа на која ќе се потпреш. Наместо тоа, направи ѝ крилја и насочи ја кон небото и таа ќе те научи како да леташ.“

„Ѝ кажав дека сум изгубен во овој свет и таа се насмевна, бидејќи и таа беше изгубена, сите бевме, но не ни беше гајле, бидејќи во хаосот се најдовме себеси.“


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар