Митови за мажите кои не се ни блиску до вистината

Мажите се мистериозни, но од друга страна и жените знаат да бидат. За двата пола кружат голем број митови, кои често се обични измислици. Ова се неколку од најпознатите митови за мажите кои не држат вода.Митови за мажите кои не се ни блиску до вистината

Мислат на секс по цел ден

Овој мит со сигурност сте го чуле. Според митот, мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди, што автоматски значи дека по цел ден мислат само на секс. Едно истражување што го направил институтот „Kinsey“ покажува дека 54% од мажите мислат на секс секој ден, додека 43% мислат на секс неколку пати неделно. Постојат и мажи кои уште поретко помислуваат на секс.

Не сакаат многу да зборуваат

Постојат истражувања кои покажуваат дека жените изговараат повеќе зборови од мажите во текот на еден ден. Сепак тоа не е вистина, бидејќи и мажите и жените зборуваат отприлика исто, а во некои случаи мажите се и позборлести. Очигледно проблемот лежи во тоа што жените поретко знаат да поставуваат вистински прашања.

Не сакаат врски

Овој изговор сѐ уште им дава сила на жените да прејдат преку фактот дека налетале на незгоден тип. Истражувањата покажуваат дека само 20% од мажите не сакаат туку-така да влезат во врска, додека остатокот од нив многу лесно се впуштаат во врска.

Не сакаат жената да го направи првиот чекор

Ова најверојатно го измислиле посрамежливите жени, бидејќи повеќето мажи се изјаснуваат дека сакаат кога жените ја преземаат иницијативата. Доколку одбијат жена, тоа не значи дека ја одбиле затоа што таа го направила првиот чекор, туку бидејќи едноставно не им се допаѓа.

Се плашат од успешни жени

Некои од нив да, но поголемиот дел од мажите немаат проблем со тоа нивната понежна половина да биде успешна и да знае што сака. Оние кои се плашат од успешни жени, пополека стануваат вид во исчезнување.

Големината на стапалата и дланките не значи ништо

Митовите дека по големината на стапалата и дланките можеме да дознаеме колкав му е пенисот на еден маж се тотални бесмислици. Истражувањето на Универзитетот во Лондон, покажува дека едното со другото си нема никаква врска, што е добра вест за оние со мали дланки и стапала.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар