Мистериозните лизгачки камења во Долината на смртта

Долината на смртта е голем национален парк во Калифорнија полн со разни природни атракции. Дел од него е и Рејстрак Плаја, басен на пресушено езеро кое изгледа многу здодевно сè додека не се забележат камењата кои самите се движат по неговата каллива површина.

Мистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смртта

Овој феномен се случува на секои две или три години, а причините кои стојат зад него сè уште се мистерија. Единствено што се знае е тоа дека камењата кои пред извесно време стоеле на едно место, сега се преместиле на друго, оставајќи јасна трага зад нив. Нема никакви знаци дека човек или животно помогнале во тоа, а нема ниту видео снимка која ќе ја разреши мистеријата.

Мистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смртта

Истражувачите до сега развиле повеќе теории, а речиси сите од нив вината им ја припишуваат на силните зимски ветрови. Тие дуваат од југозапад кон југоисток, а најголемиот дел од правите траги зад камењата одат во истата насока. Други научници причината ја бараат во тенките слоеви мраз кои настануваат во зимата. Според нив, тоа или создава перфектни услови за ветрот да ги помести тешките камења или се формираат мали санти мраз кои го лизгаат каменот.

Мистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смртта

Лизгачките камења во Рејстрак Плаја се голем предизвик и за научниците на НАСА, чии обемни истражувања не довеле до откритие, тука само до нови теории. Додека не ги испитаат нив, овие камења ќе останат една од најголемите неразрешени мистерии во светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар