Мистериозна бубачка гради кула опколена со ограда

Хемискиот еколог Трој Александар неодамна се вратил дома по 3-месечно волонтирање на проектот Макау. Проектот се одвивал во близина на истражувачкиот центар Тамбопата, кој претставува едно од најдалечните засолништа во Амазонската дождовна шума во Јужна Америка.Мистериозна бубачка гради кула опколена со оградаТрој таму открил чудна структура на стеблото на едно дрво. Таа изгледа како некаков вид кула од јајца опкружена со заштитна бариера (2 сантиметри во дијаметар) која неверојатно многу наликува на ограда од колци. Тој се сомнева дека се работи за некој вид пајак кој ги положува јајцата во основата на конусовидната кула, кои се искачуваат по неа и безбедно одлетуваат со свилените падобрани, притоа постојано заштитени со ограда. Трој ја забележал необичната структура на неколку дрвја.

Но, она што е пофасцинантно е фактот што никој не знае кој точно е одговорен за оваа градба ниту пак за што точно таа служи. И покрај тоа што фотографиите станаа хит на интернет, а биле проучувани и од голем број професори и специјалисти во оваа област, сè уште никој не успеал да ја реши мистеријата. Ова нè наведува да помислиме дека можеби Трој открил нов вид. Вие што мислите?Мистериозна бубачка гради кула опколена со ограда Мистериозна бубачка гради кула опколена со ограда Мистериозна бубачка гради кула опколена со ограда Мистериозна бубачка гради кула опколена со ограда Мистериозна бубачка гради огради кои изненадувачки многу наликуваат на оградите од колци

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар