Мистеријата зад феноменот дежаву

Ви се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.

Мистеријата зад феноменот дежаву

Самиот термин дежаву доаѓа од францускиот јазик (оригинално: „déjà vu“) што во превод значи „веќе видено“. Оваа состојба се опишува како грозоморно чувство на нешто познато, предизвикано од нешто што мислиме дека порано сме го доживеале, иако свесно знаеме дека тоа не е така. Ваквото чувство трае 10-20 секунди и потоа исчезнува ненадејно исто како што се појавило.

Научниците имаат голем проблем да откријат зошто се случуваат ваквите состојби кај луѓето бидејќи тие доаѓаат неочекувано и не можат вештачки да бидат предизвикани. Сите што имаат искусено дежаву, велат дека тоа е чувство, кое им дошло од никаде и дека не траело многу долго. Па, дури и со најнапредните техники за скенирање на мозокот и други истражувачки методи, научниците и понатаму се мачат да го објаснат овој феномен.

Мистеријата зад феноменот дежаву

Што со сигурност знаеме за состојбата дежаву?

1) Епилептичарите често доживуваат интензивно чувство на веќе видени ситуации непосредно пред да добијат напад. Поради ова, научниците шпекулираа дека причината за дежаву е неправилното електрично празнење на мозокот што може да предизвика создавање на погрешна претстава за сеќавањата. Со оглед на тоа дека и луѓе без здравствени проблеми доживуваат дежаву, ова објаснување не ја исцрпува мистеријата во целост.

2) Дежаву најчесто доживуваат луѓето на возраст помеѓу 15 и 25 години, но може да се искуси на секоја возраст, а честотата варира од човек до човек.

3) Чувството на веќе видео е дефинитивно чудно и грозоморно. Не е нешто од типот: „Еј, го имам видено ова порано!“ или „Го имам правено ова!“ Чувството е необично и по малку непријатно бидејќи знаете дека сте ја направиле токму истата работа на истиот начин, но од некои необјасниви причини не можете да се сетите на тоа. Самото чувство не е негативно, но не е ниту баш пријатно.

Друга теорија која го објаснува овој феномен е дека нашите мозоци мешаат ситуации од сегашноста со нешто што сме доживеале во нашите соништа и фантазии. Докажано е дека линијата помеѓу реалноста и она што ни е во мислите е многу тенка. На пример, можете да си замислувате дека изведувате мечкин скок во сала за вежбање и да се почувствувате како навистина да сте го извежбале. Ова е и научно потврдено. Според ова, лесно се изведува заклучокот дека дежаву-то може да биде резултат на нешто слично што сме го доживеале во сништата. Но, ако еднаш сте доживеале дежаву, веројатно нема да ви биде верно ова објаснување.

Некои психијатри го припишуваат чувството на неусогласеноста во мозокот што предизвикува грешење на минатото и сегашноста. Многу парапсихолози веруваат дека доживувањето на ваквата состојба е поврзана со искуства од минатите животи.

Швајцарскиот научник Артур Функхаузер, пак, разликува различни искуства при состојба на дежаву, на пример, веќе видено, веќе доживеано и сл.

Како и да е, чувството кога доживувате дежаву е необично и интересно. Се надеваме дека спаѓате во оние 70% бидејќи дефинитивно, состојбата на дежаву е нешто поразлично од секое друго човечко искуство. Истражувањата на темата продолжуваат.

Жамеву(jamais vu) е состојба која е спротивна од состојбата на дежаву. Таа подразбира непријатно чувство на доживување некоја ситуација за првпат, и покрај рационалното сфаќање дека ситуацијата е порано искусена. Личноста моментално не препознава некој збор, место или нешто друго што таа вообичаено го знае.

Овие две состојби често се ставаат во иста група со уште една, прескву (presque vu) или состојба на скоро видено. Ова претставува феномен на неможност за враќање на некој збор од меморијата во комбинација со парцијално присетување и чувство дека враќањето од меморија неизбежно ќе се случи. Народски при оваа состојба често велиме дека нешто ни е на врв на јазик.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. An4e Reply

    mi se slu4ila dezavu i vo realnosta a i vo sonot

  2. kevin Reply

    mi se slucilo nekolku pati ama sega se e poretko i poretko imma 14 god a pred 1 2 god mi se slucuvase cesto..na Pr :gledam veke videni sliki kako natpis na patiki i vednas se vrtam go gledam mojot drugar i ocekuvam da go kaze toa sto sum go videl … i navistina e neobicno a i ubavo ….

  3. S2 Reply

    Right now I’m having amnesia and deja-vu at the same time. ..

  4. xxx Reply

    deja vu i toa nekolku pati vo tekot na edno patuvnje,kako prepoznavanje na hotelot,tapetite,cuvstvoto na plovenje na otvoreno more i odblesokot na mesecinata,odredena situacija koja stana realnost…….dosta cudno custvo,kako za moment vremeto da zastanuva i imate moznost nesto da doziveete i vidite povtorno no vo bavna varijanta…..

  5. Тралала Reply

    Има и друго докажување од меицински аспект кое гласи: Кога сме психички уморни на мозокот му треба одмор, па затоа она што го гледаме покасно се продуцира во мозокот и затоа мислиме дека сме го сонувале или пак доживеале веке еднаш.

  6. Lana Reply

    Многу често сонував бели облакодери некаде во некоја земја и море во позадина…боите и деталите од сонот беа толку впечатливи и до ден денес се ,меѓутоа таа слика никаде претходно ја немав видено а толку често ја сонував…после неколку години отидов на одмор во Турција и на враќање изморена заспав во автобусот …наеднаш некоја врева од луѓето ме разбуди и онака од седиштето ја свртев главата на лево ја видов истата слика од сонот , не можев да си поверувам што гледам…не ни знам кој град беше не ни прашав од што бев изненадена ….меѓутоа до ден денес ја памтам сликата и незнам што ми се случи …можеби не спаѓа во некоја типична дежа ви ситуација меѓутоа јас поинаку неможам да си ја објаснам…..

    • P Reply

      Првото дежаву ми беше од овој тип после тоа имам доживеано обични дежаву моменти без да ги имам сонувано. Најсилните ми се случуваат кога сум во друг град или држава за прв пат, а често можам и да предвидам што ќе се случи во наредните неколку секунди :S

  7. A. Reply

    Dosta cesto mi se slucuva…Posleden pat bev vo edna diskoteka i od daleku zdogledav eden drugar, pocuvstvuvav deka veke go ja imam viedno taa slika i sfativ deka toa e deja vu. Sepak i ponatamu prodolziv da razgleduvam niz diskotekata i pomnatamu celata situacija mi bese poznata, vo eden moment si rekov na sebe ” Sega ke me pogledne i ke stane…” po 2-3 sekundi taka i se sluci, drugari mi me pogledna stana i otide nekade.. Seto ova traese dosta dolgo. Najcesto mi se slucuva vaka pri deja vu da mozam da predvidam koj sto ke napravi ili sto ke kaze….edno stavno ja znam celata situacija pred da se sluci

  8. V Reply

    deja vu imam citano deka se javuva kako rezultat na toa sto ednoto oko poprvo ja gleda opredelenata pojava i poprvo praca slika do mozokot za toa sto go videlo, i otkako drugoto oko ke ja vidi slikata imame custvo deka taa slika i pojava sme a videle veke prethodtno..

  9. HoneyB Reply

    многу пати ми се има случено :/

  10. zor. Reply

    moe mislenje e deka toa e del od patot na sudbinata ni signalizira deka sme tokmu nie toa i deka seuste postoime …ima raboti sto treba da se slucat toa e sudbinata a ima raboti koi nie treba da odlucime i dvete ,,( linii nekoj vid na sudbini ) odat zaedno

  11. Booo Reply

    mene mi se ima sluceno mnogu pati a imam 14 god :)

  12. E* Reply

    Често ми се случува, дефинитивно тоа е најединствено доживување. Искрено убаво ми е кога сум во ситуација кгоа со друштво, разговараме на некоја тема јас за секунда замолчувам и ми се случува дежаву, ја гледам повторно истата ситуација , ми доаѓа во мозокот како слика, како слајд .. хаха баш е интересно… толку често ми се случува што понекогаш помислувам ‘Дај веќе не си интересен‘ 😛

  13. glorija Reply

    Da mnogu pati mi se ima sluceno i e mornicavo cuvstvo !!!!

    • Sofi Reply

      dadavo pravo si mornicavo e od edna strana ama od druga strana e mnogu intreresno pa vtor pat dozivuvas edna ista slucka koja mozebi ti se ima sluceno pred 5 , 10 godini a mozebi i pred 5 min a ti ne znaes tocno koga se sto znaes e deka ti se slucuva istoto po vtor pat 😀

  14. Denis Reply

    E vaka sea eve i ja da spodelam edna interesna sluchka :

    Vo Ponedelnik Trebashe Da Prajme Test Po Matematika …
    NEmav Nishto Naucheno Odam Na Uchilishte Profesoro Ni Go Dava Testo A Jas Site Prashajna Gi Znaev Cel Zhivot Sum Imal 1 Matematika Toj Test Go Izvadov 5ka A Koga Zavrshivne So Testot Na Nitu Edno Prashajne Ne Se Sejkavav A Ova Ako E DEZA VU Togash Ne Treaeshe 10-20 Sekundi Tuku Traeshe Celi 25 Minuti

  15. El Joseph Reply

    Всушност, дежаву е едно од малкуте нешта кои ме прават среќен, бидејќи тоа се сигнали кои ни даваат дразба, да не охрабри исто така дека сето ова е за наше добро и дека сме на правиот пат. Некогаш ќе не затекне во лоша ситуација, но не заборавајте дека во животот нема залудно потрошено време, се е во наша корист. бидете храбри и тежнејте да го доживеете вашето следно дежаву. Среќно

  16. л. Reply

    мене ми е најубаво тоа нешто :) имам доживеано многу пати а сеуште сум 13. бев во Бугарија првпат а како веќе да сум била таму, тогаш бев 3то одд. и пред некоја недела беше последен пат кога ми се случи, ама кога тоа се случува неможам никој да слушнам на да зборувам, штета што кај мене трае најмногу 10 секунди :)

  17. Zaboraviv Reply

    Do 30 godini mnogu cesto imav déjà vu, interesno i romanticno cuvstvo.
    Na 33 god. ednas doziveav jamais vu, koga pred mene stoese pomladiot brat a jas go gledav I znaev samo kako se vika I nisto drugo za nego I za mene I 25 god. zaednicki zivot. grozno cuvstvo koe traese celi 10 min.
    Sega imam 44 god. I cesto imam presque vu I se cuvstvuvam glupava I tupava, kako mozokot da mi zakrzlavil.

Остави коментар