Мислите дека партнерот ве изневерува? Можеби сте во право!

Старите велат дека љубовта е слепа и навистина е така. Заљубени до уши и занесени од тоа преубаво чувство, некогаш не можеме да ги видиме работите кои ни се пред очи, како што е изневерувањето. Веруваме дека сме во врска која се базира на доверба и искреност, па свесно или не, ги затвараме очите пред една од најлошите работи кои може да се случат – неверството.

(1)-mislite-deka-partnerot-ve-izneveruva-mozhebi-ste-vo-pravo-kafepauza.mk

Но, старите велат дека скоро секогаш се чувствува кога еден од партнерите го изневерува другиот. Ако вие имате некое такво чувство, можеби следниве приказни на луѓе кои биле слепи за тоа што им се случува, ќе ве освестат.

Немавме секс долго време

„Кога маж ми ми кажа дека повеќе не сака да имаме секс сѐ додека не почувствува дека сме нашле решение за нашите проблеми, мислев дека е само љубезен. Но, испадна дека цело време спиел со негова колешка од работа. Накратко: ми кажа дека не ме сака повеќе, но дека сака да работи на нашиот брак. Се обидувавме да го правиме тоа цели 8 месеци само за на крајот да дознаам дека веќе со месеци бил вљубен во неговата колешка и не знаел како да ми каже.“ – Џејми Б.

Телефоните станаа забранета зона

„Кога некој го штити телефонот со неговиот живот, го носи насекаде со себе (буквално насекаде), не одговара на телефон во ваше присуство и ви забранува дури и да го допрете проклетото нешто, тогаш тој некој крие нешто. Делува навистина очигледно нели? Можеби, но јас го поднесував тоа премногу долго.“ – Џејн Г.

Одеднаш ѝ беше потребен простор

„Се држев доста добро кога ни започнаа проблемите во врската, се обидов со советување и ѝ го дадов просторот кој ѝ беше потребен. Но кога ми кажа дека спиела со некого, тогаш почнав да ја чувствувам гравитацијата на нештата. Пред тоа бев во состојба на негирање и верував дека не е способна за изневерување и лажење. Но немаше шанса да се спуштам себеси на уште пониско ниво и да ѝ дозволам на лажгата да ми се врати во животот.“ – Дејвид Ф.

Легнувавме да спиеме во различно време

„Единствениот знак кој ми е жал што го испуштив е тоа што не легнувавме во исто време во кревет. На крајот излезе дека бил опседнат со онлајн сајбер секс. Во претходните години го имав фатено два пати, но ми се заколна дека завршил со тоа, а кога го прашував потоа, ми кажуваше дека не го прави тоа повеќе. Откако се разделивме ми призна дека една од неговите сајбер средби преминала во емоционална афера која траела повеќе од година дена. Имал планови да се сретне со неа додека јас бев бремена во деветти месец, но се исплашил. Се разведов од него минатата година. Изневерувањето беше само еден фактор кој придонесе кон одлуката.“ – Меган Б.

Тој стана неверодостоен

„Додека одев со мојот (сега) поранешен сопруг кој ме изневеруваше, тој често знаеше да го откаже нашиот состанок во последен момент. Истовремено, тој беше и многу грижлив и неверодостоен. Ми го натрупуваше телефонот со повици само за да се чуеме. Се гледавме. Правевме планови. Ги откажувавме плановите. Токму поради тоа и раскинав со него, но за жал повторно се смирив. Вистината е дека за да успееш да излезеш на крај со водење двоен живот, треба да си навистина флексибилен. Ако некој не е способен да се обврзе себеси на кафе состанок или бејзбол натпревар, откачете го. Зошто е нивниот живот толку хаотичен? Луѓето со добар карактер се веродостојни. Нивните зборови се совпаѓаат со нивните дела. Од прва рака научив дека оние кои изневеруваат кажуваат секакви глупости, ветуваат и знаат да покажат повеќе емоции од кој било друг, но нивните дела кажуваат поинаква приказна – на нив не можеш да се потпреш. Далечни се. Во еден момент те сакаат, а се воздржуваат во следниот. Трејси С.

Фитнесот му стана поголем приоритет од кога било

„Додека бевме во брак, мојот (сега) поранешен сопруг гледаше дете со една негова пријателка. Во тоа време, тој стана фитнес фанатик и внимаваше многу на здравјето. Одеднаш ја зголеми дозата на витамини кои ги пиеше. Потоа, еден ден, покрај неговата торба со работи за вежбање, го забележав празното шишенце Кинг Конг во кое имаше пилули за зголемување на машкиот полов орган. Што кажува повеќе од ова?“ – Тери Л.

Кога се соочував со него, тој избувнуваше

„Со сопругот бевме заедно девет и пол години. На крајот излезе дека никогаш не ми бил верен. Недостигот на самодоверба и желбата да верувам дека е добар сопруг пред сѐ останато, секогаш ја попречуваа мојата интуиција. Знакот кој требаше да го забележам е дека секогаш кога се соочував со него за моите сомнежи, тој се лутеше, се бранеше и ја вртеше работата на недоверба од моја страна. Наместо да зборува со мене и да биде сочувствителен, јас бев лошиот. Тоа се случуваше секогаш, па почнав да се преиспитувам дури и за најмалите работи. Една вечер отиде во вежбалницата, а се врати со торбата спакувана буквално исто како што ја спакував јас. Тој рече дека најверојатно сум го научил да ги дипли алиштата исто како мене. Но подоцна, се покажа дека бил неверен.“ – Џони О.

Приватноста му беше на прво место

„Во брак бев 16 години. Тој никогаш не ни оддаде ни мене ни на децата признание пред луѓето кои ги знаеше – на пример, кога децата продаваа работи на училиште, тој не сакаше да им спомне на луѓето кои ги знае. Не сакаше ни да бидеме пријатели на Фејсбук и ги подеси опциите за приватност така што многу малку можеше да се види. Не знаеше дека ги имав видено пораките кои си ги испраќале со една помлада жена.“ – Амелија Д.

Бизнис патувањата станаа сѐ почести

„Како многу зафатена домаќинка и мајка, оној знак кој го испуштив беа постојаните бизнис патувања. Ги имаше толку многу, а претходно тој ќе се опремеше со фризура, нова долна облека, а еднаш дури и тенирање на кожата. Она од кое сега ми е мака е тоа што се нудев да му ги испеглам кошулите, да му спакувам ќесе со неговите омилени домашни колачи, па дури и да му направам цеде со нашите омилени песни за по пат.“ – Џенис Џ.

Наеднаш, тој имаше поинакви интереси и хобија

„Гледајќи наназад, само една работа се истакнува. Мојот поранешен и јас бевме на патување во Париз и нашите стилови делуваа многу различни. Бидејќи имавме три мали деца дома, имаше поминато многу време откако сме биле на патување само ние двајца, но моите сеќавања беа такви дека заедно уживавме во истите активности. Овој пат не беше така. Јас сакав да одам на кафе, тој сакаше да ги посети секој музеј и знаменитост. Ме влечеше со себе сѐ додека не ми излегоа плускавци по нозете. Се обидов да не ми пречи, но ми пречеше. Бевме сами во градот на светлината и љубовта, а јас се чувствував невидлива.“ – Теми Л.

Тој ме обвинуваше мене

„Мојот прв сопруг ме изневеруваше. Секогаш ме обвинуваше дека јас го изневерувам него додека цело време тој мене ме изневерувал. Беше ненормално.“ – Менди О.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар