Мисли што секому му поминуваат низ глава на новото работно место

Префрлувањето од едно на друго работно место бара повторно учење на нови задачи, нови навики на колегите, како и прилагодување на други услови и правила. Почетокот секако ќе ви изгледа тежок, затоа што до тогаш сте биле навикнати на еден начин на функционирање, па сега одеднаш ќе треба сето тоа да го заборавите. Во вакви моменти, на повеќето луѓе им поминуваат најразлични мисли низ нивната глава, а во продолжение откријте кои се најчестите.

11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно место

1. „Зошто не знам апсолутно ништо за што било?“

На претходната работна позиција вие сте биле свесни за што е што, кои се луѓето и зошто работите се изведуваат на таков начин. На новото работно место не знаете ништо и едвај се трудите да го запаметите кодот за отворање на вратата.

11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно место

2. „Кога треба да ги донесам моите лични работи на бирото?“

На пример, се прашувате кога треба да го донесете омилениот кактус, фотографијата од вашите деца, предметите кои ве потсетуваат на нешто убаво…

11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно место

3. „Ми недостигаат старите колеги и тоа малку ме повредува“

Вие плачевте и се смеевте заедно. Правевте интересни работи и зборувавте на секакви теми. Малку ве повредува тоа што нема да ги гледате 8 часа за време на секој работен ден.

11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно место

4. „Зошто поминувам толку многу време во тоалетот?“

Тоалетите се многу корисни кога започнувате со нова работа. Понекогаш ви се потребни само 5 минути да останете сами, да размислите за случувањата, па и да заплачете кога нема да бидете сигурни што треба да направите. Но, тоа е сосема во ред, затоа што повеќето од вашите нови колеги веќе биле во оваа позиција и ја надминале.

11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно место

5. „Многу добро се запознав со историјата на оваа компанија“

Кога сте нови во некоја компанија, се обидувате да дознаете некои информации за неа, па така, ја „напаѓате“ нејзината Интернет страница и читате нови и корисни информации за нејзиното основање, бројот на вработени и слично.

11 мисли кои секому му поминуваат низ глава кога ќе отиде на ново работно место

Продолжете на наредната страница за да погледнете уште интересни мисли во кои можете да се пронајдете…

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар