Мислевте дека знаете сè за Луи Витон? За овие факти сигурно никогаш не сте слушнале

Мислевте дека знаете сè за Луи Витон? За овие факти сигурно никогаш не сте слушнале

Во новиот милениум се појавија милион нови логоа, но дефинитивно најпознато е она на марката Луи Витон. Иницијалите „ЛВ“ може да се забележат насекаде, на модните писти, на многубројните креации на познатите дами. Но, сепак, се чини дека многу малку се знае за оваa модна куќа која има долга историја.

1-mislevte-deka-znaete-se-za-lui-viton-za-ovie-fakti-sigurno-nikogash-ne-ste-slushnale-www.kafepauza.mk_

1. Луи Витон Малетије својата кариера ја започнал на 16-годишна возраст и тоа како дизајнер на куфери.

2. Модната куќа Луи Витон е основана во 1854 година.

3. Синот на Витон, Жорж Витон, креирал потполно нов тип заклучување кој подоцна ќе ги одбележи сите куфери од оваа марка.

4. Оригиналното лого на овој бренд е создадено уште во 1896 година со цел неговите сопственици да се заштитат од копии и плагијати.

5. Во 1914 година во Елисејските полиња во Париз е отворена најголемата продавница за куфери во светот, а сопственици биле токму креаторите на овој бренд.

2-mislevte-deka-znaete-se-za-lui-viton-za-ovie-fakti-sigurno-nikogash-ne-ste-slushnale-www.kafepauza.mk_

6. Сите парчиња од овој бренд и ден-денес се изработуваат рачно во Франција.

7. Познатиот монограм на брендот Луи Витон го инспирирал уметникот Салвадор Дали да го креира „Далиграм“.

8. Овој бренд досега има соработувано со модните креатори како што се Такаси Мураками и Стефан Спруз.

9. Серијата „Сексот и градот“ е виновна за преголемата популарност на овој бренд.

10. Овој бренд е дел од познатата заедница LVMH, кои ја сочинуваат 70 брендови меѓу кои Кристијан Диор, Живанши и Дона Каран.

11. Буквите M и H во LVMH се однесуваат на два познати бренда кои произведуваат луксузни пијалаци, Moët и Hennessy.

3-mislevte-deka-znaete-se-za-lui-viton-za-ovie-fakti-sigurno-nikogash-ne-ste-slushnale-www.kafepauza.mk_

12. Многу познати личности меѓу кои Анџелина Џоли и Мадона, биле амбасадори на овој бренд, додека секако најчуден избор за заштитно лице е поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов.

13. Според магазинот „Форбс“, марката Луи Витон го зазема 14-тот место на листата на највредни брендови на светот.

14. Од 2013 година, името на овој бренд е употребено 19 пати во песните на Канје Вест.

15. Марк Џејкобс беше во улога на уметнички директор на овој бренд цели 16 години, од 1997 до 2013.

16. Сегашниот уметнички директор, Николас Гаскјер, го презеде ова место во 2013 година.

0-mislevte-deka-znaete-se-za-lui-viton-za-ovie-fakti-sigurno-nikogash-ne-ste-slushnale-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар