Мислевте дека сте мрзливи? Размислете уште еднаш!

Мислите дека сте мрзливи и дека ова ваше однесување понекогаш никој не може да го надмине? Погледнете ги одговорите на овие 20 студенти кои биле прашани која е најмрзливата работа што некогаш ја направиле. Можеме слободно да кажеме дека некои од овие мрзливи идеи се едноставно генијални.

Мислевте дека сте мрзливи? Размислете уште еднаш...

„Се јавив во ресторанот да ми го пратат келнерот на мојата маса.“

„Имам и куче и мачка и МРАЗАМ да спијам со вратата отворена. Понекогаш кучето сака да спие во спалната соба, а понекогаш надвор од неа, но никогаш не одлучува сѐ додека не се наместам удобно во мојот креветот. Решение? Чувам ласерски покажувач покрај креветот. Откако кучето ќе одлучи каде ќе спие, покажувам со ласерот кон вратата и мачката бркајќи го, ја затвара. Тоа ни стана секојдневна рутина и сега мачката секоја вечер пред да заспие прво стои покрај вратата чекајќи го ласерот.“

„Се обидував со 10 стрели за пикадо да го исклучам светлото. Но, го промашив со сите и таа вечер спиев со вклучено светло.“

„Го симнав филмот наместо да се качам горе и да го земам ДВД-то.“

„Возев до факултет. Ескалаторите сѐ до 3-от кат беа расипани. Се вратив дома.“

„Еден мој пријател едно утро лежеше во кревет. Го чепкаше носот и бидејќи немаше од што да се избрише, врати сѐ назад во носот.“

„Се обидов да премотам до добриот дел од едно видео од Јутјуб кое траеше 33 секунди.“

„Далечинскиот управувач од телевизорот беше на 60 сантиметри вон мојот дофат и наместо да станам да го земам, симнав апликација за далечински управувач.“

„Еднаш гледав 2 часа античка турнеја само затоа што мачката скокна пред сензорот од телевизорот додека менував програми и заспа.“

„Едно време имав од оние светла кои се вклучуваат/исклучуваат со удар на дланките. Бидејќи мразев постојано да го правам тоа, направив аудио снимка од ракоплескање и ја поврзав со едно од копчињата на тастатурата.“

„Еднаш во ресторан, ми остана сос со вкус на скара на образите. Наместо да станам по салфетка, употребив парче леб за да го избришам и потоа го изедов.“

„Го закачив ремчето на моето куче за еден автомобил ‘monster truck’ на далечинско управување и го шетав со помош на него… од удобноста на мојата дневна соба.“

„Секогаш кога ја користам микробрановата печка, ги загревам работите на 1 минута и 11 секунди или пак, на 2 минути и 22 секунди бидејќи сум премногу мрзлив да ги мрднам прстите и да стиснам 0 пред да почнам.“

„Една вечер бев толку многу пијан што одлучив наместо да одам во тоалет, да ја искористам кутијата со песок на мачката. Бидејќи следното утро бев премногу мрзлив за чистење, ја фрлив целата кутија во ѓубре.“

„Јас и мојата цимерка ја декориравме собата за да биде соодветна за употреба од страна на мрзливи луѓе. Едната од нас секогаш може да досегне до мини-фрижидерот и до прекинувачот за светло од својот кревет, а другата до прозорецот и климата од својот. Од тогаш па наваму никогаш и за ништо не се скаравме.“

„Јадам директно од тенџере за да не користам чинии, бидејќи мразам да ги мијам.“

„Изгубив пола саат барајќи торент за книга која што ја заборавив во соседната просторија.“

„Си ја исправ постелнината од креветот. Ја наместив дури за 2 месеци од тогаш.“

„Купив пакување од 1000 пластични чинии и прибор за јадење кои се за една употреба.“

„Нечистите чинии се собираа во мијалникот и почнуваа малку да мирисаат, но бидејќи сѐ уште ме мрзеше да ги измијам ги испрскав со освежувач за воздух.“

Дали сѐ уште верувате дека сте многу мрзливи? И ако да, која е најмрзливата работа која вие некогаш сте ја направиле?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Zoki Poki Reply

    Copy paste od 9gag e ” novinari “

    • Кафе пауза Reply

      Интересно како copy/paste вклучува и превод. Многу ни е лесна работата. :)

      • Небитно Reply

        Ама затоа Google Translate вклучува 😛

        • Кафе пауза Reply

          Ќе беше добро преводот од Google Translate да беше олку добар. Плус, од слика малку потешко таа опција 😉

  2. јас :) Reply

    Пенкалото беше во другата соба, а јас размонтирав други пенкала и цевки за да не одам да го земам :)

Остави коментар