Минијатурна покуќнина за мачки од Јапонија

Неодамна ИКЕА направи колекција од покуќнина за мачки, но нивната конкуренција од Јапонија не остана зад нив. Компанијата Okawa Kagu создала покуќнина за мачки со висок квалитет која е одличен начин да го разгалите вашето милениче.

(1)minijaturna-pokukjnina-za-machki-od-japonija-kafepauza.mk

Целта на проектот е да се промовира Фукуока, област во Јапонија каде што професионалците специјализираат во традиционални изработки од дрво, стакло, покуќнина и прибор за јадење. Местото е дом на 150 фабрики за покуќнина и е центар на јапонската индустрија.

(2)minijaturna-pokukjnina-za-machki-od-japonija-kafepauza.mk

Покуќнината на Okawa Kagu е намалена реплика на вистинска покуќнина, па дури ќе биде изложена и во центарот за информации за туризам и ентериер. Цените на мебелот не се објавени, но можете да ја контактирате фирмата доколку ве интересира некое парче. Се разбира, немојте да ги фрлате кутиите ако порачате нешто, бидејќи веќе сигурно знаете дека мачките најмногу уживаат во нив.

(3)minijaturna-pokukjnina-za-machki-od-japonija-kafepauza.mk

(4)minijaturna-pokukjnina-za-machki-od-japonija-kafepauza.mk

(5)minijaturna-pokukjnina-za-machki-od-japonija-kafepauza.mk

(6)minijaturna-pokukjnina-za-machki-od-japonija-kafepauza.mk

(7)minijaturna-pokukjnina-za-machki-od-japonija-kafepauza.mk

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар