Мило бебе-панда си игра со голема топка

Доколку некогаш посакате да направите прекрасно вирално видео, еве ги инструкциите коишто треба да ги следите: земете некое животинче-бебе, колку поретко или повлакнесто, толку подобро. Потоа, дадете му некаква играчка, која е препорачливо да биде поголема или иста колку големината на слаткото животинче. Потоа, оставете го насамо со играчката околу еден час и уживајте во слатката слика пред вашите очи.Мило бебе-панда си игра со голема топкаЧуварите во Зоолошката градина во Сан Диего, тврдат дека на ова бебе-падна со име Xiao Liwu, му дале само голема зелена топка, за да има нешто со коешто ќе си игра, до нивната следна посета. Но, нема шанси ова да е точно. Никој не може да создаде по случаен пат, олку слатко видео. :)Мило бебе-панда си игра со голема топкаМечето очигледно се вљубило во неговата нова ирачка, чим не ја испушта од раце и постојано ја гушка. Погледнете:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар