Мермерните азурни пештери

Гостински пост: Лео Наневски

Во средината на Патагонија се наоѓаат магичните подземни азурни пештери. Неверојатните релјефи со сина боја, прават овие пештери да изгледаат како насликани од сликар-велемајстор од земјата на џиновите.Мермерните азурни пештериПознато како „Генерал Карера“, прекрасното езеро кадешто се наоѓаат пештерите, е токму на границата помеѓу Аргентина и Чиле. Езерото има сончева микроклима, па и покрај тоа што се наоѓа во предел каде што е вообичаено студено, луѓето овде можат да се рекреираат со пливање или пак да ги истражуваат убавините на пештерите.Мермерните азурни пештериПештерите се едни од чудата на мајката природа, со стрмни карпи од мермер чии седименти (наслаги, талог) им ја даваат таа магично-волшебна боја. Самата вода полека насипувала песок на карпите при што се формирале мали и големи простори. Пештерите можат да се истражуваат со помош на брод само во одредени периоди од годината кога нивото на водата е доволно ниско.Мермерните азурни пештериПознати како „Las Cavernas de Marmol“  (Мермерни пештери), меѓу мештаните се користат уште 3 специфични имиња за некои од нив: Пештерата, Катедралата и Капелата.Мермерните азурни пештериМермерните пештери се состојат од издадени карпи под кои тече крвоток од чист мермер, почнувајќи од едната страна на езерото Карера, па сè до Пуерто Транкило на другата, северната страна. Делови од езерото, како Капелата и Катедралата се означени како природни светилишта и можат да се посетуваат во текот на целиот летен период.Мермерните азурни пештериБлоковите од карпи над пештерите се во бело-сива боја, на кои се забележуваат сини линии, кои кулминираат со дивите, прекрасно чудесни бои на самото дно. Една од причините за загриженост во регионот е планот на Чиле да изгради пет хидроелектрични брани во Патагонија. Со ова би го загрозиле животот на многу уникатни и загрозени видови во регионот, а би го нарушиле текот и на сите прекрасни езера во околината, вклучувајќи го и езерото Карера, кое во Аргентина се нарекува „Lago Buenos Aires“. Постои и јавно граѓанско движење кое се обидува да го спречи градењето, а со тоа и уништувањето на околината.Мермерните азурни пештериМермерните азурни пештериОвие уникатни пештери можеби не се толку добро познати, но се убави како и некои од светски познатите географски чуда и со сигурност си го заслужуваат местото помеѓу нив. За крај можеме само да се надеваме дека потенцијалните хидроцентрали нема премногу лошо да влијаат на овие езера и ќе бидат достапни за луѓето да продолжат да им се восхитуваат.Мермерните азурни пештери


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. monika Reply

    wowwwwwwwwwwwwwwwwwwwwwww

  2. Suhejla Reply

    Prekrasni se :D:D:D:D

Остави коментар