Мејкап влогерка не дозволува нејзиниот изглед да застане на патот кон остварување на сништата

Маримар Кироа е 21-годишна девојка која е пример за тоа колку луѓето треба да се сакаат себеси и да се прифатат со сите свои недостатоци и квалитети. Таа е родена со цистичен хигром, вид тумор во нејзиниот врат и уста, поради што мора да дише преку дупка во нејзиното грло и да користи знаковен јазик за комуникација.

(1) Мејкап влогерка не дозволува нејзиниот изглед да застане на патот кон остварување на нејзините сништа

Но, оваа девојка не дозволува тоа да застане на нејзиниот пат и да ја спречи да го работи она што најмногу го сака – шминкањето. Пред две години таа почнала да објавува свои видеа на Јутјуб и својата љубов кон шминката ја споделува со целиот свет. Нејзината цел е да покаже дека секој човек е убав и посебен на свој начин и дека убавината треба да се бара во различностите.

(2) Мејкап влогерка не дозволува нејзиниот изглед да застане на патот кон остварување на нејзините сништа

Кироа има голем број следбеници на социјалните мрежи, кои од неа учат како правилно да нанесуваат шминка, но најважно од сè, учат и како да ги отворат своите срца и на никого да не гледаат со предрасуди.

За мене, убавината значи да се прифатите онакви какви што сте и да не обрнувате внимание на тоа што другите ви го велат“, вели оваа девојка.

Кироа објаснува дека кај шминката особено ја инспирира можноста да си погрувате со различни изгледи, особено во делот околу очите. Оваа инспиративна девојка вели дека поголемиот дел од нејзините следбеници вистински ја поддржуваат и ја бодрат да продолжи со својата работа, но дека има и луѓе кои ја навредуваат заради нејзиниот изглед.

(4) Мејкап влогерка не дозволува нејзиниот изглед да застане на патот кон остварување на нејзините сништа

Кироа се надева дека преку нејзините видеа ќе ги мотивира луѓето да се прифатат и да се засакаат себеси без оглед на недостатоците. Според неа, не е важно како изгледате, туку како го чувствувате вашето тело.

Прифатете се себеси, прифатете си ја сликата за вас, тоа е најважното“, советува Кироа.

Таа посетува училиште за професионални шминкери и се надева дека еден ден ќе стане учител кој ќе подучува глуви деца.

(3) Мејкап влогерка не дозволува нејзиниот изглед да застане на патот кон остварување на нејзините сништа

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар