Мажите со оваа интригантна карактеристика се многу попривлечни за жените од останатите

Мажите со оваа интригантна карактеристика се многу попривлечни за жените од останатите

Сигурни сме дека доколку во овој момент ве прашаме што барате кај еден маж, вие без размислување првото нешто што би го кажале е некој кој може да ве насмее… Токму тоа и го покажало едно ново истражување, чии резултати укажуваат на фактот дека мажите кои имаат дарба за раскажување приказни се многу повеќе посакувани од останатите. Од друга страна пак, изгледа мажите воопшто не се воодушевени од жена со оваа способност.

Мажите со оваа интригантна карактеристика се многу попривлечни за жените од останатите

Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина и Универзитетот во Бафало, дошле до овој заклучок по серија студии кои вклучувале стотици мажи и жени, студенти. Во една од овие студии, студентите читале описи за мажи и жени, каде што во дел од нив била истакната способноста за раскажување одлични приказни. Резултатите покажале дека жените ги сметале за попривлечни мажите кои се добри раскажувачи на приказни и повеќе ги одбирале за долгогодишни партнери, отколку оние чии портфолија воопшто не ја вклучувало оваа способност. Мажите, пак, не ја оценувале привлечноста на жените според нивната способност за раскажување приказни.

Оваа студија е само уште една од многуте кои ни покажуваат дека постојат нефизички карактеристики кои ги прават мажите поатрактивни за жените, како свесноста за своите емоции и алтруизмот. Во некои случаи, овие атрибути добиваат и поголема вредност од самиот изглед на мажите. Но, она што е најинтересно е дека жените не кажуваат гласно дека ги бараат овие работи од своите партнери, а често се случува и воопшто да не го знаат тоа сè додека не го добијат. Што мислите вие, дали способноста за раскажување приказни би можела да влијае врз вашиот избор на партнер?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар