Мажите откриваат кои се најодвратните женски навики што не можат да ги поднесат

Откако ќе помине срамежливата фаза на запознавање, полека почнуваме да се опуштаме пред партнерот. Но, кога опуштеноста ги преминува границите? Неколку мажи во долгогодишна врска откриваат кои се најодвратните навики на нивните партнерки што најмногу им пречеле…

Мажите откриваат кои се најодвратните женски навики што не можат да ги поднесат

„Стиска мозолчиња на јавни места! На пример, седиме во ресторан, храната пристигнува, а таа зјапа во огледалото до нас и го истиснува гнојот од мозолчињата! Одвратно!“ – Милан, 29

„Мојата поранешна девојка секогаш ги замотуваше тампоните и влошките во тоалетна хартија и ги оставаше покрај тоалетната шолја или лавабото. Не ми е јасно зошто не можеше да ги фрли во корпата за отпадоци?!“ – Горан, 31

„Најодвратно ми беше кога гласно испушташе гасови.“ – Иван, 26

„Мојата поранешна девојка постојано ги грицкаше ноктите. Тоа отсекогаш ми било одвратно.“ – Димитар, 28

„Навистина го валкаше автомобилот! Оставаше внатре хартија, ѓубре, остатоци од храна… По некое време сето тоа почнуваше да мириса непријатно.“ – Петар, 24

„На лето оди боса каде што ќе стигне! Понекогаш, дури и кога сме во град ги соблекува сандалите и оди боса по кафулиња, продавници… Не ми е јасно како некој може да го прави тоа.“ – Бојан, 27

„Понекогаш не си ги мие рацете откако ќе изврши нужда.“ – Андреј, 30

Дали вашите партнери имаат некои одвратни навики? Што ви пречи најмногу? Напишете ни во коментари!

Жените иако делуваат средено, навистина знаат да бидат одвратни понекогаш. Прочитајте за следниве 14 одвратни работи кои секоја девојка ги прави за убавина.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. 1 Reply

    Ова е гнасно било кој да го прави, не само жена. Бљак

Остави коментар