Мажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнење

Мажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнење

Една студија која вклучувала над 3.000 мажи и жени ни открива дека овие два пола различно ги процесираат емоциите и токму тоа влијае врз нивното помнење. И покрај тоа што емоциите ги подобруваат сеќавањата и кај мажите и кај жените, оваа студија ни покажува зошто жените често подобро поминуваат на тестовите за меморија отколку мажите.

Мажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнење

Резултатите доаѓаат од голема студија во која учествувале 3.398 луѓе кои биле дел од 4 различни тестирања. Овие тестирања вклучувале гледање серија од фотографии, од кои некои биле емоционални, а другите неутрални. Потоа тие биле тестирани за тоа колку ги запомниле овие фотографии.

Откритието кое било објавено во журналот за невронаука, ни покажува дека до жените, за разлика од мажите, повеќе допираат оние фотографии кои биле емоционални, особено негативните.

Д-р Клара Спалек, авторката на оваа студија, вели:

„Резултатите го поддржуваат верувањето дека жените се повеќе емоционално експресивни од мажите.“

Во однос на целото истражување жените покажувале подобро помнење, а нивната меморија била особено добра за негативните фотографии.

Д-р Анет Милник, која ја водела оваа студија, објаснува:

„Ова откритие ни укажува на разлики помеѓу половите во емоционалното процесирање и меморијата кои настануваат од различни механизми.“

Истражувачите ги испитале и сликите од скенирањето на мозокот кај луѓето кои гледале во различни видови емоционални фотографии и откриле дека мозокот кај жените е многу поактивен при процесирањето на негативните фотографии отколку кај мажите. Особено во оние делови од мозокот кои се поврзани со моторните функции.

На фотографијата подолу можете да забележите како црвените и жолтите области во мозокот се поактивни и кај мажите и кај жените кога гледаат во емоционално стимулирачки фотографии. Зелената боја ни ја покажува специфичната област каде што мозокот на жените бил поактивен.

Мажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнење

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар