Математичка формула за совршено накитена елка

Студенти од универзитетот во Шефилд создале формула за совршено украсување елка. Според формулата идеалната елка е висока 170 сантиметри, а на неа треба да се постават 35 лампиони.

Математичка формула за совршено накитена елка

Тие тврдат дека при китењето елка не е потребен само вкус, па токму затоа и ја создале оваа формула. Но не грижете се, вие немате потреба рачно да собирате, одземате и да вадите корен, бидејќи тие поставиле калкулатор на веб-сајтот на универзитетот, кој ќе го стори тоа за вас.

Како на пример за една елка од 170 сантиметри потребни ви се 35 лампиони, 5,34 сантиметри сијалички и 8,6 метри украсна трака. Исто така, калкулаторот советува, врвот на елката да биде 17 сантиметри. Автори на формулата се дваесетгодишните Никол Врајтам и Алекс Крег, а за да ја создадат потребни им биле 2 часа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар