Маса и столчиња од леб

Столчињата имаат една основна намена, а таа е да седиме на нив. Тоа би било така доколку би седеле на обични столчиња. Но, кога би седеле на столчињата на Enoc Armengol, седењето на столчето е непожелно. Овој шпански индустриски дизајнер, креирал сет од две столчиња (Panpaati chairs) и масичка, направени единствено од леб.Маса и столчиња од лебНе е препорачливо да седите на нив, бидејќи ногарка по ногарка, грицкајќи по малку ќе се најдете на подот, но затоа овие столчиња се одлични грицки за забави и роденденски подароци. Столчињата и масата се 100% наменети за јадење.

Маса и столчиња од лебСтолчињата дури може и да ги филувате по ваш вкус и да креирате необична пица која, наместо на столче, ќе ја јадете од него.Маса и столчиња од леб

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар