Мапа на животот: Не мора да ги знаеме сите одговори за да бидеме среќни

Животот не треба да биде лесен. Не можеме да стигнеме до одредена возраст, социјален статус или работна позиција во кариерата и одеднаш да ги добиеме сите одговори на животните прашања. Не постои тајна напивка, среќна амајлија или молитва која ќе го промени текот на нашиот живот дур трепнеме. Но, можеме да бидеме сигурни во едно: Не сме сами.

Мапата на животот: Не мора да ги знаеме сите одговори за да бидеме среќни

Ниту една личност во светов ги нема сите одговори. Има толку многу непознати во овој свет, толку многу промени, толку многу нови ситуации и моменти кои допрва треба да дојдат. Ваквите моменти ќе нѐ турнат нанапред и ќе нѐ вратат наназад. Ќе нѐ упатат во илјадници различни насоки, што ќе биде невозможно да знаеме каде да се движиме и каде ќе завршиме. Незнаењето е дел од убавината на животното патување.

Доколку знаевме сѐ, никогаш немаше да ги почувствуваме првите радости, таги, среќа, љубов, реакции на разните секојдневни настани, независно дали се позитивни или негативни. Животот ќе беше методичен и досаден. Немаше да ги има своите подеми и падови, возбудата за малите работи и восхитот и чудото кога ќе ги пребродиме тешките моменти. Немаше да нѐ расплаче, да нѐ насмее, да нѐ оформи во силни и самоуверени личности. Немаше да биде животот кој си го створивме за себе, кој го сметаме за свој и кој го поседуваме со гордост и во добро и во зло.

Не треба да имаме мапа на животот за да знаеме каде работите почнуваат и каде завршуваат. Сите поминуваме низ периодите на неодлучност, страв, анксиозност, сомнеж, осаменост. Но, тие се минливи. Постепено, ќе научиме важни лекции и ќе откриеме некои од одговорите кои ги бараме. Животот ќе се промени. Затоа немојте да се разочарувате затоа што не сте сигурни во кој правец се движите, што правите, па дури и кои сте. Сите ние бараме, трагаме, учиме и откриваме кои сме, што сме и зошто постоиме.

Животот треба да биде предизвик, да нѐ збуни, разочара, развесели, воодушеви. Треба да биде еден долг конец од лекции и сеќавања. Да биде едно патување, авантура во која радо ќе се впуштиме, ќе го грабнеме воланот, но ќе ги ставиме и сигурносните појаси, ќе се соочиме и ќе ги поминеме сите кривини и тесни патчиња, а потоа ќе научиме како да возиме без раце кога ќе излеземе на прав пат и на возбудливи удолници.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар