Мали моменти на случајна интимност кои можете да ги доживеете само со непознати личности

Мали моменти на случајна интимност кои можете да ги доживеете само со непознати личности

Сигурно секој од вас, барем неколкупати во животот, се нашол во ситуација кога почувствувал необјаснива блискост со непознат човек, поради одредена интересна случка во која сте се нашле заедно. Колку и да звучи чудно и несвојствено за ова сурово модерно време, секој човек има исклучителна потреба од насмевка или убав комплимент на негова сметка, за да се почувствува сигурно и вредно. Малите добри дела, смешните секојдневни ситуации или заедничките интереси ни покажуваат дека сите луѓе на светот можат да живеат во мир и хармонија, без разлика на нивното потекло и статус во општеството.

19 моменти на случајна интимност која може да ја доживеете само со непознати луѓе

Погледнете ги следниве интересни ситуација во кои можете да се почувствувате исклучително блиски со сосема непозната личност:

1. Кога личноста на која ѝ се воодушевувате од безбедна далечина, со еден брз поглед забележува дека зјапате во неа, но се чини дека тоа воопшто не ѝ пречи, па продолжувате да гледате.

2. Кога некој ќе ве види како се сопнувате на тротоарот и ќе се поднасмее откако ќе види дека сè е во ред со вас, па и вие почнувате да се смеете, бидејќи колку и да е непријатно, истовремено толку е и смешно.

3. Кога се ракувате со некој, откако краткиот разговор само го зацврстува вашето уверување дека подоцна двајцата ќе барате дополнителни информации за другиот на Интернет.

4. Кога некој случајно ќе ве допре и таа една секунда физички контакт води до чувство кое можеби не е сексуално, но дефинитивно е пријатно.

5. Кога некој задоволно ќе ги крене палците или кима со главата, од другата страна на собата, во знак на согласност за некоја ваша остроумна досетка, а вие возвраќате со насмевка, пренесувајќи порака дека ви го разубавил/а денот.

6. Кога разговорот со некој кој случајно седи до вас се покажува како многу покорисен отколку што очекувавте кога сте се согласиле да се вклучите во конверзацијата.

7. Кога шанкерот или келнерот на поминување ќе ви даде убав комплимент на ваша сметка, без особена причина, а вие радосно велите „благодарам“, затоа што тој комплимент навистина направил да се чувствувате подобро со себе.

8. Кога гледате заводливо во некого, а тој или таа го забележуваат тоа и ви намигнуваат во знак на благодарност, наместо да се преправаат дека не забележале или да глумат навредени.

9. Кога некој ја придржува вратата за да помине друг, а вториот ја искажува својата искрена благодарност бидејќи ја разбира и цени важноста на малите добри дела.

10. Кога на час или во канцеларија истовремено кажувате нешто со некој кого едвај го познавате, а потоа заедно се кикотите поради апсурдноста на вашите синхронизирани мисли.

11. Кога симултано воздивнувате со друг човек, во комплетна хармонија, како да сте ги координирале потсвесните мисли.

12. Кога ќе се препознаете во некого кон кого веќе сте пристапиле, а тој или таа великодушно и со насмевка ве уверуваат дека сѐ е во ред и дека им се случило и претходно.

13. Кога сте еден од двајцата луѓе во публиката кои почнале гласно да се смеат, поради тоа што делите иста смисла за хумор.

14. Кога набљудувате некого во преполниот автобус или воз, и тоа ви предизвикува чувство дека без посебна причина го разбирате неговиот или нејзиниот живот и уживате во тоа.

15. Кога одите по улицата и потпевнувате или танцувате, а потоа сфаќате дека всушност не сте сами, а другата личност се насмевнува великодушно во знак на благодарност за импровизираното шоу.

16. Кога не можете да престанете да зјапате во неодоливото куче, а потоа се насмевнувате на неговиот сопственик, кој очигледно е задоволен што и вие сметате дека има најслатко куче на светот.

17. Кога сите во чекалната почнувате да ги нишате главите во неверување откако сестрата објаснува дека докторот ќе доцни, па наоѓате утеха во тоа што заедно ги доживувате фрустрациите на секојдневието.

18. Кога кимате со главата во знак на одобрување велосипедист, пешак или купувач кога ќе се разминете, бидејќи истовремено извршувате иста активност, а тоа е доволно да се почувствувате помалку осамено во суровиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар