Македонски афоризми полни со мудрост, хумор и иронија

Горан Јанкуловски познат како Стиховен Калибар ја објави новата книга, збирката афоризми „Стихија“. Книгата содржи 365 афоризми и читателите можат бесплатно да ја симнат од интернет. Без и малку респект кон чиновите, лицата и настаните, тој морално ги осудува и жигосува работите на свој дрзок и принципиелен начин.

makedonski-aforizmi-polni-so-mudrost-humor-i-ironija-kafepauza.mk

Покрај „Стихија“, Стиховен Калибар досега ги има објавено и „Збирка мудрости и афоризми“, книгата со урбаната тематика, „Двоглед“ како и стихозбирката „Проклетници“. Во продолжение издвојуваме 30 афоризми од „Стихија“.

Ние сме мала нација,
но редовно го јадеме поголемиот стап.

Се бореа за правична застапеност,
а сите имаа кривична одговорност.

Каков апсурд!
Цел живот не мрдна со ни со прст,
а го вперува прстот кон другите.

Јас сум бивалентно животно!
Ме третираат како говедо,
а ме жртвуваат како јагне.

Сите имаат многу високо мислење за себе.
Затоа и паднавме толку ниско.

Од горчливото минато стана шеќераш.

Професорот ја спаси да не ја запише годината на квадрат.
Влезе со неа во љубовен триаголник.

Со неа ја дозна тајната на успешната врска.
Не дозна за ниедна нејзина тајна врска.

Состојбата е средно жалосна.
Ова е свет на ниски страсти и високи потпетици.

Во градскиот превоз редовно ечи сељачка музика.

Сите ме читаат освен жена ми.
Таа одамна ме има прочитано.

Од увезените пилешки гради
и на малолетните деца
почнаа да им растат гради.

Денес пристоен живот имаат само оние
кои прифаќаат непристојни предлози.

Беа како гз и гаќи.
На крајот ја усраа работата.

На тркалезна маса ја ставија државата на коцка.

Македонската борба продолжува.
Едни се борат за имот, други се борат за живот.

Енергетичарите мислат на сиромашните.
Премрзнатите коски зимоска ќе им ги подгреваат со изгор сметки.

Наместо да ја делат правдата,
тие го поделија судството.

Во детството парите ги чував во мала касичка-прасе.
Денес ми се кај големите свињи.

Успешно ги положи сите испити на факултетот.
Падна на испитот на животот.

Македонија нема море,
ама многу Македонци станаа морепловци
работејќи на туѓи бродови.

На жените со широко отворени нозе
сите врати им се широко отворени.

Ми бараа познавање од компјутери.
Потоа ме искористија како глушец…

Имаше толерантен шеф.
Ѝ даваше да пуши во канцеларија.

Ме третираат како живина!
Се будам со кокошките, колвам од трошките,
а навечер се враќам како мисир.

Не е сѐ така црно…
Буржоазијата е на бело…

Во турско се лееше крв на секој чекор.
Денес се леат солзи на секоја серија.

Во Македонија нема потреба од нудистичка плажа.
Многу луѓе по улица шетаат голи и боси!

Се грижат за нивната линија.
Додека си го вадат лебот, им ја вадат маста!

Каков апсурд?!
Македонија е родена во знакот на девица,
а ја е*ава кој ќе стигне!


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар