Магијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светот

Пред неколку дена, Виена била прогласена за град во кој има најубав живот. Тука нема ништо чудно, освен фактот што австриската престолнина не ја добива оваа титула еднаш, туку осум години по ред! Па, каде лежи магијата во овој волшебен европски град? Австријците сметаат дека квалитетниот здравствен систем, јавен превоз, образовни институции и квалитет на водата се главните фактори што придонеле за освојување на оваа значајна титула. Но, Виена е позната и по многу други работи, а ние ќе ви ги претставиме 10-те факти што треба да ги знаете за градот со најубав живот…

Магијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светот

1. Виена е позната и како „градот на музиката“, што има логика ако го земеме предвид фактот дека тука живееле и твореле Моцарт, Бетовен, Хајдн, Шуберт и многу други композитори. Доколку сте големи љубители на класичната музика, можете да ги посетите домовите на некои од овие композитори, кои денес се претворени во музеи.

2. Еден од прекарите на Виена е и „градот на соништата“, бидејќи таткото на психоанализата, Зигмунд Фројд, го поминал поголемиот дел од неговиот живот токму во овој град. Неговиот стан денес е претворен во музеј.

3. За настанокот на познатите кроасани не се заслужни Французите, туку Австријците. Една австриска пекара ги направила за прв пат во далечната 1683 година за да ја прослават победата над Турците. Токму затоа кроасаните имаат форма на месечина, симболот кој го носеле турските војници на нивните штитови.

4. Најстарата зоолошка градина на светот се наоѓа во Виена. Таа била изградена во градините на замокот Шенбурн во 1752 година, а денес во неа живеат повеќе од 700 најразлични животински видови. Освен тоа, ова е единствената зоолшка градина во барокен стил, па затоа се смета и за најубава зоолошка градина во светот.

Магијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светот

5. Новогодишниот концерт на виенската филхармонија е настан за кој секогаш се бараат карти и покрај тоа што некои места чинат повеќе од 1.000 евра. Последниот концерт го проследиле повеќе од 50 милиони луѓе во 90 земји, а картите не можете да ги купите туку-така. Треба да се пријавите на лотарија и да се надевате дека вашето име ќе биде извлечено.

6. Кафето е многу важен дел од виенската култура, па затоа виенските кафулиња кои потекнуваат уште од 17-век завршиле на листата на културни знаменитости предводена од УНЕСКО.

7. Марија Антоанета, Ники Лауда, Хеди Ламар, Франц Шуберт, Кристоф Волц, Густав Климт, Јохан Штраус помладиот… Сите тие можат да се пофалат дека се родиле токму во Виена.

8. Познатата палата Шенбурн е најпосетеното место од страна на туристите. Но, доколку имате повеќе пари, ова искуство можете да го направите многу поприватно. Имено, можете да изнајмите апартман во замокот и да ѕирнете во царската Австрија, макар за момент. А која е цената? „Само“ 1.500 евра за една ноќ.

Магијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светот

9. По Втората Светска војна, Виена била поделена на четири окупациони зони. Сепак, во 1955 окупацијата престанала бидејќи Австрија одлучила дека нема да му припаѓа ниту на западниот ниту на источниот блок, туку ќе биде неутрална.

10. Во Виена се одржуваат повеќе од 200 балови секоја година. Тие обично траат дури 3 месеци, од јануари до март, а најпопуларното место за нивно одржување е палатата Хофбург. Оркестрите свират, се играат валцери… Вистинска магија!

Магијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светот

Доколку и вие го обожавате овој европски град, сигурно ќе сакате да појдете на кафе во Виена.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар