Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светот

Што е тоа што прави облакодерите да изгледаат прекрасно? Дали е нивната висина, светлината која го осветлува целиот град во вечерните часови или пак, начинот на кој тие изгледаат едни покрај други, формирајќи совршена фотографија? Ние мислиме дека тоа што е најважно е што кога ќе го погледнете градот од далечина веднаш останувате без зборови. Наредниве неколку фотографии ги покажуваат во одлично светло некои од најимпресивните облакодери кои градовите можат да ни ги понудат. Од Америка, Кина, Канада па сè до Австралија, следуваат најмагичните облакодери во светот:

1. Сингапур, Сингапур

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотВо комбинација со одличниот урбан план и конструкциите кои достигнуваат висина и до 280 метри, овој град се одликува со стил кој не може да се најде на друго место. Големиот број светли згради и одличниот избор на зеленило низ центарот, го прават Сингапур еден од најубавите градови во југоисточниот дел од Азија.

2. Франкфурт, Германија

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотКако единствен претставник од Европа, Франкфурт се одликува со неортодоксниот дизајн на Кулата Комерцбанк која е интернационално позната по „небесните градини“ и по технологијата која е пријател на природата. Највисокиот облакодер е опсерваториската кула Еуропатурн која достигнува до 331 метар.

3. Куала Лумпур, Малезија

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотОблакодерите во овој град можеби не се толку блиску едни до други, но токму тоа е она што прави тие храбро да се истакнуваат над другите зградите. Само 10 облакодери ја надминуваат висината од 200 метри, а меѓу нив највпечатливи се Кулите Петронас (највисоките кули близначки во светот). Највисокиот облакодер е Менара Куала Лумпур која достигнува 420 метри.

4. Торонто, Канада

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотАрхитектурата во Торонто е вистинска мешавина од периоди и стилови, од кој голем дел биле изградени во 19-от век. Од 11-те структури кои ја надминуваат границата од 200 метра, доминира облакодерот „CN Tower“ со висина од 553,33 метри.

5. Сиднеј, Австралија

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотТоа што го прави Сиднеј уникатен на оваа листа е комбинацијата на облакодерите со позната Оперска куќа и Пристанишниот мост. Луѓето низ целиот свет постојано патуваат до Сиднеј само за да уживаат во магичниот поглед на градот од брегот на Сиднеј Харбор.

6. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотОвој град кој расте со неверојатна брзина секојдневно го одзема здивот на посетителите со своите прекрасни облакодери. Во Дубаи има 33 структури кои надминуваат 200 метри, но најголемото внимание без сомнение го привлекува Бурџ Халифа со висина од неверојатни 828 метри. Градот не покажува никакви знаци на запирање, а тоа го докажува и предлогот за изградба на Градската Кула на Дубаи која ќе достигнува висина која ќе ги сруши сите рекорди – 2.400 метри.

7. Токио, Јапонија

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотГусто населениот мега-град Токио е море од неонски светла кои ги красат високите структури под хоризонтот на планината Фуџи. Со црвените светла на врвот од секоја зграда и со флотата од хеликоптери кои го избегнуваат густиот сообраќај, Токио е град кој буквално значи бизнис.

8. Чикаго, Америка

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотСите ние знаеме дека Америка обожава да ги полни своите градови со високи згради, но Чикаго се разликува од нив по својата историја како родно место на модерните облакодери. Првите дизајни се појавиле во 1885 година и оттогаш тие се неизбежен дел од сите облакодери низ светот. Оттогаш во Чикаго се изградени 19 згради со висина над 200 метри од кои кулата Вилис достигнува 442 метри и во комбинација со езерото Мичиген формира поглед кој ви го одзема здивот.

9. Њујорк, Америка

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотНа второто место на оваа листа се наоѓа прекрасниот Њујорк кој е еден од градовите со најпрепознатливите облакодери благодарение на филмовите. Градот има голем број иконски градби кои се познати насекаде ширум светот, како „Empire State Building,“ „Chrysler Building“ и незаборавната Статуа на слободата. Со своите 47 згради кои надминуваат 200 метри, Њујорк дефинитивно е вистински американски град.

10. Хонг Конг, Кина

Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотХонг Конг има 43 згради кои ја надминуваат висината од 200 метри, а 30 од нив биле изградени по 2000-та година од кои 15 се највисоките облакодери во светот. Со високо ниво на популација, од околу 6.943.600 луѓе, Хонг Конг е огромно пристаниште, финансиски центар и бизнис регион во Азија. Но, тоа што го прави Хонг Конг најдобриот на оваа листа е неверојатниот синџир од планини кој го опкружува градот и кој во комбинација со облакодерите ја формира совршената фотографија за тоа како би требало да изгледа еден голем град.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Nehir Reply

    Prekrasni se !

  2. Binnur Reply

    izvonredni posebno vo Amerika prekrasni se 😀

Остави коментар