Магични зборови кои ќе направат да звучите поубедливо

На многу луѓе им е непријатно кога треба да побараат услуга од некого. Но, мора да се согласите дека убаво е да се поседува вештина со која лесно ќе можете да ги натерате луѓето да го направат она што го сакате, бидејќи сепак сите ние сме само луѓе и не можеме сѐ да постигнеме сами.

Магични зборови кои ќе направат да звучите поубедливо

Нареден пат кога ќе ви биде незгодно да побарате нешто од некого, сетете се на следниве магични зборови кои ќе направат барањето да звучи поприфатливо за двете страни. Станува збор за фразата „Дали ќе сакаш…“.

Психологот Елизабет Стокоу, професорка по социјална интеракција на Универзитетот во Лафборо, Велика Британија, преку нејзиното истражување дознала дека додавањето на зборовите „Дали ќе сакаш…“ (willing) во вашето барање, го трансформира истото од наредба за моментално дејство (што луѓето честопати ја одбиваат) во прашање за тоа што може да направи личноста во поширока смисла на зборот.

На пример, нареден пат кога ќе му кажете на вашиот партнер „Можеш да го фрлиш ѓубрето?“, а тој само ќе промрмори дека ќе го фрли подоцна, веднаш продолжете со „Дали ќе сакаш да го фрлиш ѓубрето?“. Ако малку го преформулирате првичното барање, веројатноста е дека резултатот ќе биде поинаков. Имајте на ум дека оваа техника е особено успешна откако првичното барање веќе било одбиено.

Доколку почнете да ја применувате оваа ефективна техника освен тоа што ќе го добивате она што го сакате, ќе звучите многу поучтиво и луѓето нема ни да забележуваат дека ви прават услуга, туку со задоволство ќе прифаќаат сѐ што ќе им кажете. Вреди да се проба!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар