Мачорот со најдолго крзно во светот

Полковникот Мјау (Colonel Meow) доби награда за најдолго крзно на мачка што ќе биде запишано во Гинисовата книга на рекорди за 2014 година, која ќе излезе на 12 септември годинава. Неговото крзно во просек е долго 23 см (9 инчи), а потребно било 3 ветеринари независно да измерат по 10 влакна за да се потврди статусот на светски рекорд.Мачорот со најдолго крзно во светотПолковникот Мјау е хималајско-персиски мачор за кој се грижат Ана Мари Еви и Ерик Розарио, а е ултрапопуларен заради неговиот уникатен изглед – долго рунтаво крзно, крупни очи и намрштен поглед што го прави впечатлив и смешен истовремено.Мачорот со најдолго крзно во светотТој е многу популарен на социјалните мрежи. Само на Фејсбук има 180.000 фанови, а има профили и на Јутјуб, Инстаграм, Твитер и на Тамблр, како и свој веб-сајт. Неговите сопственици се преправаат дека мачорот сам си ги води профилите и прават интересни монтажи од кои се гледа како Полковникот сам сурфа на интернет, регистрира профили и објавува фотографии. Мачорот со најдолго крзно во светотЗа да се одржува крзното на Полковникот, Ана Мари и Ерик мора заедно да учествуваат во чешлањето кое се случува 2-3 пати неделно. Тие велат дека сè во нивната куќа е со влакна, но дека тотално вреди со оглед на тоа што сметаат дека го имаат најдобриот мачор во светот, а сега имаат и светско признание за тоа.Мачорот со најдолго крзно во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар